Bella Loyalty Клуб, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Почитувани,
Добродојдовте во Kлубот на Bella!


За да ја наградиме довербата на нашите редовни потрошувачи овозможивме одредени поволности и промоции за нашите најлојални клиенти. Bella Клубот е клуб за лојалност преку кој неговите членови со купување на производи во Bella (продажните салони и онлајн) се стекнуваат со поволности изразени во попусти на следните купувања, како и промоции кои ќе важат за членовите на Bella Клуб.
Секој кој што има направено регистрација на Bella станува член бесплатно.

Регистрирајте се и добијте 5 % попуст на првата онлајн порачка или купување во продажните салони на Bella.

Членството во Bella Клуб Ви ги овозможува следните поволности и попусти:
НИВО НА ЧЛЕНСТВО ПОТРОШЕНИ ДЕНАРИ ПОПУСТ % ВРЕМЕТРАЊЕ НА ПОПУСТ
MEMBER
со регистрација 5% на првото купување
BRONZE
од 6.001 до 12.000 5% 3 месеци
SILVER
од 12.001 до 18.000 10% 3 месеци
GOLD
од 18.001 до 25.000 15% 6 месеци
DIAMOND
Над 25.001 20% 6 месеци
Појаснување на Поволностите од Bella Kлуб

- Членови на Bella Клубот може да бидат само физички лица кои се полнолетни со регистрацијата дирекно на Bella.
- По регистрацијата добивате повратен мејл со линк за потврда на регстрацијата во Клубот на Bella, како и информации за Вашиот Личен Број.
- На вашиот профил на Bella Клубот се евидентираат сите остварени продажби во било кој продажен салон или онлајн (треба да сте најавени на e-shop кога правите онлајн нарачки). - За да проверите на кое ниво сте и колку попуст имате, најавете се на вашиот профил на Bella
- Со првата порачка можете да си ги искористите бенефициите на MEMBER членовите и да добиете 5% попуст на вкупната продажба направена он-лајн. Истите бенефиции ги добивате при купување во продажните салони на Bella, со кажување на личниот број при самата наплата на каса.
- Доколку Вашето купување во Bella изнесува над 6.001, а не повеќе од 12.000 денари на една сметка од тој ден станувате BRONZE член во Bella Kлубот и во наредните 3 месеци имате можност да купувате секојпат со 5% попуст на вкупната продажба направена он-лајн. Истите бенефиции ги добивате при купување во продажните салони на Bella, со кажување на личниот број при самата наплата на каса.
- Доколку Вашето купување во Bella изнесува над 12.001, а не повеќе од 18.000 денари на една сметка од тој ден станувате SILVER член во Bella Kлубот и во наредните 3 месеци имате можност да купувате секојпат со 10% попуст на вкупната продажба направена он-лајн. Истите бенефиции ги добивате при купување во продажните салони на Bella, со кажување на личниот број при самата наплата на каса.
- Доколку Вашето купување во Bella изнесува над 18.001, а не повеќе од 25.000 денари на една сметка од тој ден станувате GOLD член во Bella Kлубот и во наредните 6 месеци имате можност да купувате секојпат со 15% попуст на вкупната продажба направена он-лајн. Истите бенефиции ги добивате при купување во продажните салони на Bella, со кажување на личниот број при самата наплата на каса.
- Доколку Вашето купување во Bella изнесува над 24.001 денари на една сметка од тој ден станувате DIAMOND член во Bella Kлубот и во наредните 6 месеци имате можност да купувате секојпат со 20% попуст на вкупната продажба направена он-лајн. Истите бенефиции ги добивате при купување во продажните салони на Bella, со кажување на личниот број при самата наплата на каса.
- Попустот кој е остварен со Вашите купувања се генерира автоматски доколку се прави он-лајн порачка или пак се пресметува на самата каса при плаќање во продажните салони со приложување на личниот број.
- Попустите на одредените нивоа во Клубот истекуваат по истекот на периодот за кои важат (види во табелата).
- Секој член на Bella Клуб може да го прекине своето членство во секое време, без предходна најава, со писмено известување по електронска пошта на contact@bella.com.mk

Ограничувања

Попустите од Клубот за лојалност важат за производи кои се продаваат по почетната цена и не се воопшто намалени. Доколку производот има веќе било каков попуст, нема да се пресмета плус попустот со кој се стекнал членот на одредено ниво од членството во Клубот. За да не биде оштетен членот на Клубот, доколку во моментот на купување производот има поголем попуст, од попустот кој го стекнал членот, тогаш при купување ќе се пресмета поголемиот попуст.

Попустот од Клубот не се комбинира со други попусти и акции. Стекнатите поволности не се преносливи од еден на друг корисник и може да ги користи единствено членот на Клубот кој ги стекнал. Bella го задржува правото да не додели попуст кога ќе утврди дека се повредени правилата и условите на Клубот или кој било друг применлив пропис во важност, измама или злоупотреба на членството во Клубот.

Политика на приватност

Поднесените податоци (потребни податоци, доброволни податоци и евентуално одредени промени) се собираат, складираат и користат од страна на Bella само за внатрешни цели. Bella има право да ги собира, зачувува и користи податоците на лицето регистрирано во Bella, како и бонусните податоци (производи / услуги, цена, локација и датум на трансакцијата).

Ви благодариме што ја користите нашата платформа и Ви честитаме на одлуката да бидете дел од Клубот на Bella.


Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.