3 причини зошто членовите на тимот постојано се во конфликт, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
3 причини зошто членовите на тимот постојано се во конфликт
facebook instagram
3 причини зошто членовите на тимот постојано се во конфликт

Постојат многу причини за појава на конфликти. Ве советуваме да ги прочитате кои се најчестите и како да ги решите.

Игнорирање на конфронтациите

Конфронтациите се разликуваат од конфликтите. Кога се соочувате со некој колега, тоа значи дека треба да ги изложите своите мислења и ставови на мирен и дипломатски начин. Но, што се случува? Сè почесто се избегнуваат или се одложуваат конфронтациите од кои потоа настануваат конфликтите. Доколку сакате да видите позитивна промена на работното место, морате да започнете од себе и да го промените својот пристап кон проблемите. Прочитајте ги следните совети како полесно да ја доживеете конфронтацијата.

- Кога сакате да разговарате со некој колега, не го правете тоа пред очите на сите колеги, бидејќи на тој начин лицето со кое треба да се соочите ќе се почувствува како јавно да го напаѓате. Наместо тоа, обратете му се на лицето насамо и кажете: „Сакам да разговараме. Кажи ми кога ќе имаш слободно време.“

- Обезбедете докази за да ги поддржите своите аргументи: На пример: „Забележав дека ме прекина кога зборував на групниот состанок. Јас не сум единствената која го забележа тоа, таму беа присутни уште 10 луѓе кои можат да го потврдат тоа.“

- Не ја поврзувајте личноста со проблемот. „Јас немам проблем со тебе. Јас сум само вознемирена поради ситуацијата во која се најдов кога ме прекина додека зборував.“

- Објаснете какво влијание имало тоа врз вас. „Изгледаше како да не го почитуваш моето мислење и се почувствував навредено.“

- Покажете разбирање: „Те разбирам зошто го направи тоа, истото ми се има случено и мене.“

- Совет за во иднина: „Доколку сметаш дека зборувам премногу, наредниот пат предупреди ме. Го почитувам твоето мислење, но те молам почитувај го и ти моето.“

На овој начин ќе ги подобрите меѓусебните односи и по ваквата конфронтација ќе се чувствувате подобро.

Меѓусебно обвинување

Меѓусебното обвинување и покажување со прст не водат никаде, нема да се промени ништо и само ќе се влоши настанатата ситуација. Доколку се најдете во ваква ситуација, веднаш престанете. Кажете го своето мислење, но не обвинувајте никого, прстот најпрво треба да го насочите кон себе. Многу подобро звучи: „Јас не го направив тоа, но би сакала да помогнам за да се подобри и реши ситуацијата“ отколку „Јас не го направив тоа, тој е виновен, така што ова не е мој проблем и не ме засега мене.“

Недостаток на одговорност

Преземањето на одговорност треба да биде вредност која секој човек ја поседува. Ако вашите колеги не ја преземаат одговорноста за своето однесување и постапки, соочете се со нив со помош на горенаведените совети. Колегите кои имаат повисоки позиции имаат тенденција здодевните задачи да им ги даваат на новодојдените, што остава голем простор за фрустрации меѓу вработените. Ако сметате дека не ве почитуваат на работното место, обидете се да ја добиете почитта од вашите колеги со конфронтација и почит. Доколку и тоа не функционира, размислете дали сакате да продолжите да работите во таква компанија. Генерално, вработените се одраз на работодавачот, затоа не се залажувајте дека работите ќе се подобрат.

Меѓутоа не заборавајте, ако сакате светот да се промени, прво променете се вие!


Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.