5 тајни на успешните жени кои можете да ги примените ВЕДНАШ , Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
5 тајни на успешните жени кои можете да ги примените ВЕДНАШ
facebook instagram
5 тајни на успешните жени кои можете да ги примените ВЕДНАШ

Доколку сакате да имате успешна кариера полна со предизвици, а истовремено да не бидете нејзин роб, потребен е правилен пристап. Многу жени се сретнуваат со голем број предизвици обидувајќи се да пронајдат баланс помеѓу работата и животот после 17часот. Најуспешните деловни жени имаат одредени правила до кои се придржуваат на патот до врвот, а кога ќе стигнат таму уживаат во плодовите од својот труд.

Како и вие да постигнете успех за кој ќе се зборува? Без разлика во која индустрија сакате да ја изградите својата кариера, постои еден универзален рецепт. Веднаш започнете да го приготвувате вашиот успех со помош на овие 5 состојки!

Работете го тоа што го сакате

Иако звучи како излитена фраза која само се повторува, сепак кристално јасно е дека доколку го работите тоа што го сакате, успехот не може да ви побегне. Дури и кога изгледа невозможно на прв поглед, тоа не смее да ве обесхрабри да го направите првиот чекор кон вашата цел. Желбата за остварување на својот сон ќе ви биде мотивацијата која ќе ве води до крајната дестинација, а сè што ќе научите по пат, десеткратно ќе ви се исплати.

Доколку немате јасна визија што е тоа што сакате да го работите, не значи дека вашиот живот пропаднал. Излезете од вашата комфорна зона и пробувајте нови активности и хобија, стекнете знаење и искуство и вашата визија ќе стане појасна. Најпрвата работа што треба да ја направите е да го дадете првиот чекор и сè додека не престанувате да се движите, вие сте на вистинскиот пат до успехот.

Стекнете нови знаења

Успешните жени се разликуваат од останатите жени по една работа, а тоа е желбата за повеќе знаење. Без разлика со каков бизнис се занимаваат, сите успешни жени постојано се едуцираат и усвојуваат нови знаења со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот и чекор понапред од својата конкуренција.

Голем број жени имаат постигнато огромен успех во областа на компјутерската индустрија демонстрирајќи вештини на завидно ниво во однос на програмирањето и дизајнот, иако тоа не им било првенственото образование. Тие навреме сфатиле дека сакаат да ја насочат кариерата во таа област, истапувајќи од зоната на комфорот. Тие не биле исплашени од непознатато, па не треба ни вие да се плашите.

Бидете свесни за своите ограничувања

Ниту една успешна жена не се искачила на врвот мислејќи дека знае да направи сè. Ако мислите дека сте совршени и дека знаете сè, никогаш нема да го остварите вашиот целосен потенцијал. Бидете самокритични и секогаш подготвени да научите нешто ново и не се плашете да побарате помош. Никој не е совршен и не може да знае сè најдобро, но тоа што може е да се опкружи со успешни луѓе кои ќе го поддржуваат и ќе го подучуваат.

Дури и ако сте најдобри во тоа што го правите, вашето време е ограничено. За да кажете „НЕ“ во бизнисот на вистинскиот начин, потребна е навистина добра вештина за вашето одбивање на дополнителната работа да не изгледа како знак на слабост, мрзливост или незнаење. Затоа, најуспешните жени со помош на цврсти аргументи умеат да застанат зад својот став и да се заштитат себеси.

Балансирајте

Иако на прв поглед изгледа како успешните жени да немаат време за себе, вистината е дека успехот не би имал смисла без квалитетниот приватен живот. Всушност, тајната е токму во балансирањето помеѓу работата и приватниот живот. Не смеете да дозволите приватниот живот да влијае врз работата и работата да влијае врз приватниот живот.

Направете разлика помеѓу колегијалност и пријателство. Ако работите заедно не значи дека автоматски треба да бидете најдобри пријатели. Ова особено влијае врз важните деловни одлуки кои треба да се донесат, а емоциите не смеат да бидат пречка за донесување на правилната одлука. Запамтете дека на работа сте за да постигнете успех, а по работното време имате свое семејство и пријатели за кои секогаш треба да најдете време. Во спротивно, вашиот живот ќе ви стане работата, а тоа би значело дека живеете за да работите, а не обратно.

Бидете амбициозни, но и човечни

Успешните жени се разликуваат од останатите уште по една работа, а тоа е вистинскиот однос помеѓу амбициозноста и човечноста. За да бидете успешни, од вас се бара да бидете амбициозни за во целост да го искористите својот потенцијал и да ја остварите својата цел, меѓутоа, тоа не е изговор за сплетки и зборувања зад грб. Придржувајте се до своите принципи да бидете најдобри во тоа што го правите, но без да му наштетите некому на вашиот пат кон врвот.

Вашиот успех ќе ви биде загарантиран ако се потпрете на своите професионални и човечни квалитети. Колку поголем успех остварувате, толку повеќе луѓето околу вас ќе гледаат како на сериозна конкуренција. Затоа, бидете подготвени да го одбраните својот интегритет и знаење на професионален начин. Никој не рече дека е лесно да се биде успешна жена!

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.