6 најголеми трендови на улична мода за оваа есен, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ден.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
6 најголеми трендови на улична мода за оваа есен
facebook instagram
6 најголеми трендови на улична мода за оваа есен

Кога би ја разгледале уличната мода во изминатите години, можеме да приметиме дека одредени трендови имаат оставено голем печат на одредени години. Таков тренд беа кошулите на Balenciaga во 2013 година или фармерките на Vetement во 2015. 

 

Но, како што поминуваат годините, така е се потешко да приметиме глобален тренд. Сега секој има свој начин на модна експресија, па во текот на една година може да се приметат повеќе трендови. Некои дами го преферираат буржуазискиот елегантен стил на Hedi Slimane, други пак, секси изгледот претставен од Gucci и Saint Laurent, а пак трети, целосно ги игнорираат сите трендови и создаваат свој еклектичен стил. 

 

Во изминатиот период, многу фактори беа клучни за тоа како ќе се облекуваме. Пандемијата, несоцијалниот живот, климатските промени и многу други работи не натераа да ги промениме стиловите во нешто покомотно.

 

Погледнете кои трндови ќе бидат застапени во слаедната есенска сезона. 

 

Бел фустан за сите сезони

Ако порано мислевме дека белите чипкани фустани се премногу невестински, сега тоа не ни доаѓа на памет. Овие фустани се се почесто застапени на модните писти и во улината мода. Дамите ги носат во летниот период, но и кога времето е поладно и врнежливо, па без разлика дали сте девојката која едвај чека да каже „ДА“, или девојката која нема никакви планови, овој фустан е одличен избор за вашиот следен уличен аутфит.

Погледнете слични модели од Bella

 

Засекогаш еклектик

Често нашата улична мода е онаа која не се вклошува во ниеден тренд, туку таа си има свој печат и своја лична одлика. Обично ова се парчиња кои ретко би ги забележале кај други. Ваквиот стил оваа година се забележува во многу разиграни принтови и силни бои. 

 

Погледнете слични модели од Bella

 

Долго, а кратко

Нормално е после сезона на долги и широки фустани , трендот да се смени во спротивното. Кратки и тесни фустанчиња, а оваа година ги видовме навистина најкратките, Сепак за разлика од 90те, овие кратки фустани не се проследени со голи раменици и големи делкотиња. Ако носите краток фустан рацете мора да се покриени. 

Погледнете слични модели од Bella

 

Приказни во боја

Поради недостиг на тематски аутфити како во 60те и 70те, еден од трендовите сега е да се облечете во иста боја од глава до пети. Ова е лесен начин да се спремите брзо, без многу труд и внимание, а сепак да изгледате тренди, елегантвно и скоцкано. 

 

Погледнете слични модели од Bella

 

Животински принтови

Ви текнува колку беше популарен леопардскиот принт во 2015 година, епа оваа година спремете се за принтови од целото животинско царство. најинтересно во овој тренд е тоа што почнаа да го пректикуваат и мажите.

 

Погледнете слични модели од Bella

 

50 нијанси на беж и кафено

Пред година и половина, во 2019, сите модни писти беа преплавени со со овие бои, а трендот подолжи и оваа година. Тој е елеганте, богат и софистициран. 

 

Погледнете слични модели од Bella

 

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
11 зимски аутфити кои со натрпении чекаме да ги облечеме
КАТЕГОРИЈА
11 зимски аутфити кои со натрпении чекаме да ги облечеме
Секогаш можете да се потпрете на старите зимски аутфити кои веќе ги носите неколку години, облекувајќи се во сиви, темно сини и црни бои, како и кратките црни чизми. Но, иако класиката е непобедлива, оваа зима пробајте нешто ново. Аими Сонг, Луси Вилијамс и многу други ни покажаа голем број практични, но сепак интересни комбинации кои ќе ви се допаднат и на вас и ќе можете да ги носите се до пролет.
Вистинско време за нов кардиган од 80% волна
КАТЕГОРИЈА
Вистинско време за нов кардиган од 80% волна

Се ближи зимата, бидете подготвени!

Bella ви нуди парче облека кое изгледа фантастично и истовремено ќе ве стопли во ладните денови кои доаѓаат.

Фасцинантни за овој период, посебни и уникатни кардиганите Каја и Каја сив!

Најдобро облечените познати дами на настани ширум светот
КАТЕГОРИЈА
Најдобро облечените познати дами на настани ширум светот
Ретко се случува сите да бидат на иста страна во врска со стилот, а сепак оваа недела од Париз до Пало Алто, позитивната енергија се чувстуваше во воздухот. Првиот дигитално фокусиран моден месец заврши со големите имиња на француската мода, покажувајќи ги своите нови колекции пред социјално оддалеченaта публика.
Бордо - Најтренди боја за деловни комбинации
КАТЕГОРИЈА
Бордо - Најтренди боја за деловни комбинации
За оваа есен ја избираме бојата која потсетува на љубов и вино! 
Сите типови на палта и јакни кои треба да ги поседувате
КАТЕГОРИЈА
Сите типови на палта и јакни кои треба да ги поседувате

Есен - време е да ги извадите сите палта и јаки кои ги поседувате, но ако сте во потрага по нов стил или пак сакате да имате од се по нешто, погледнете ја оваа листа. Иако понекогаш изгледаат сите исто, должината, кројот, затворањето и материјалот може да направат огромна разлика во тоа како ви стои на вашето тело. 

 

 

Неодолива комбинација: јакна и панталони Луна каро
КАТЕГОРИЈА
Неодолива комбинација: јакна и панталони Луна каро

Освен белата и црната боја, уште една работа која никогаш не излегува од мода се карираните парчиња облека. 

Ништо подобро не ја опишува студената сезона од кариран патерн.

Ако досега не сте поседувале вакви парчиња тогаш време е да ги погледнете неодоливите јакна и панталони Луна каро. 

Како да носите лимон жолта боја оваа есен
КАТЕГОРИЈА
Како да носите лимон жолта боја оваа есен

Ако сакате да додате една боја во вашиот гардеробер оваа есен, тогаш таа боја нека биде лимон жолтата. Поради нејзиниот енергичен изглед и среќните чувства кои ги шири, оваа боја можеше да се забележи на многу модни ревии од познати дизајнери како Версаче, Филип Лим и Ботега Венета. 

Лимон жолтата боја има одлична дотерувачка моќ, а тоа може да ви го потврдат Марк Џејкобс, Миу Миу, Фенди, Коперни и многу други.

Палто Луна волна - за постудените есенски денови
КАТЕГОРИЈА
Палто Луна волна - за постудените есенски денови

Изминативе неколку дена вистински ја чувствуваме есента, но оние студени денови, од утро до вечер, се уште не затропале на врата. 

Спремни сме да ги смениме парчињата во гардероберот, од летни во есенски и зимски, но дали се што ни треба е таму некаде, се уште скриено, но спремно за на закачалка. 

Ни требаат долги панталони, фармерки, блузи со долги ракави, кошули со долги ракави, јакни и секако волнени палта. 

 

Close Quick View
Величини (cm)
Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.