8 МОДНИ ИЗБОРИ КОИ ВИ ГО ВЛОШУВААТ ЗДРАВЈЕТО, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
8 МОДНИ ИЗБОРИ КОИ ВИ ГО ВЛОШУВААТ ЗДРАВЈЕТО
facebook instagram
8 МОДНИ ИЗБОРИ КОИ ВИ ГО ВЛОШУВААТ ЗДРАВЈЕТО
ПРЕГОЛЕМИ И ПРЕТЕШКИ ЧАНТИ

Чантата е универзален женски украс и речиси и нема жена која не е луда по чантите. Сепак, ако во чантата чувате сѐ и сешто, тежината на чантата се зголемува, а со тоа и притисокот врз рамениците. Со тек на време, ова може да доведе до целосна деформација на држењето на телото. Ако не можете да ја испразните за да биде умерено тешка, менувајте ја од едното рамо на другото, за да ја распоредите тежината подеднакво. А можете да се одлучите да носите модерен ранец.

ДОЛНА ОБЛЕКА ОД ЧИПКА

Изгледа секси, но ако носите долна облека од чипка секој ден, вие се соочувате со потенцијални здравствени проблеми. Материјалот од кој е направена чипката не е природен туку синтетика и може да предизвика чешање, воспаленија и црвенило. Ќе си заработите габична инфекција поради иритацијата на површинскиот слој од вагината, кој треба да ја штити внатрешноста од инфекции. Затоа, носете секси долна облека само во посебни прилики, а за секој ден изберете 100% памучна, која ѝ дозволува на кожата да дише.

ПРЕГОЛЕМИ ОБЕТКИ

Големите и тешки обетки можеби изгледаат екстравагантно, но шансите да се зафатат на нешто од вашата облека и да ви го скинат увото се големи. Исто така, гравитацијата не е од корист кога ги носите овие обетки бидејќи секојдневното носење може да доведе до издолжување и проширување на дупчето во кое обетките се прицврстуваат на увото а со тоа да добиете непривлечен изглед наместо софистирцираност. 

РАМНИ ЧИЗМИ

Ваквите чизми се сѐ попопуларни, особено во зимските денови, но нивниот рамен ѓон може да предизвика проблеми и болка во целото стапало. Не постои никаква потпора за стопалото, па овие чизми не треба да се носат секојдневно или на подолги релации. 

КОРСЕТИ ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ

Намената на мидерите е да ја стегнат вашата фигура и да ги израмнат сите несовршености. Но, ваквата долна облека не ѝ дава на кожата да дише а може да предизвика и чувство на гадење. Се работи за механички проблем: тесната облека прави притисок врз абдоменот, па поради тоа, ако желудникот ви е полн, содржината лесно може да се потисне и да се создаде чувство на гадење.

ПРЕВИСОКИ ШТИКЛИ

Превисоките потпетици се секси и ви ги издолжуваат нозете, но дали вредат толку за да ви направат проблеми со стапалата? Колку штиклата е поголема, толку се поголеми проблемите кои таа може да ги предизвика врз вашето стопало. Високите штикли прават голем притисок врз предниот дел на стапалото и со тоа може да дојде до деформации и збиени прсти. Исто така, честото носење на превисоки штикли може да го скрати листот на ногата, а Ахиловата петица почнува да се истегнува со цел да се адаптира на таа состојба. Затоа, ако веќе не можете да се откажете од високите штикли, изберете малку пониски и со заоблен преден дел или добар пад со еднакво растојание на штиклата со предната платформа.

БАЛЕТАНКИ

Овие чевли на прв поглед се многу поудобни од високите штикли, но и тие си доаѓаат во пакет со потенцијални здравствени проблеми. Тие немаат никаква потпора за стапалото бидејќи кога газите, газите паралелно со земјата а со тоа можете да си предизвикате болки во петиците и тетивата која ја поврзува петицата со прстите. Истото важи и за апостолките. Ако имате добри стопала и ваквите чевли никогаш не ви предизвикале болка - имате среќа. Но, ако не е така, носете или анатомски или чевли со мала платформа, кои ќе ви ја дадат потребната потпора.

ПРЕТЕСНИ ФАРМЕРКИ

Познати уште и како „цевка“ фармерки, тесните, припиени фармерки се секси, но опасен моден избор. Зошто? Бидејќи многу често се толку тесни, што на некои модели, на ногавиците имаат и посебен патент за да можете да ги облечете. Тесните фармерки можат да предизвикаат мералгија парестетика или состојба која настанува кога претесната облека ги притиска површинските нерви на нозете, кои носат сигнали до бутовите, а со тоа предизвикуваат трпки и болка.
Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.