Женски водич за инвестирање, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Женски водич за инвестирање
facebook instagram
Женски водич за инвестирање

Пред да започнете со вашето инвестициско патување, ви претставуваме краток преглед на првите три традиционални инвестициски патеки:

Фиксна камата

Фиксната камата е првата инвестиција која се препорачува за секого и со која генерално, сите инвеститори започнуваат. Добрата страна е што е побезбеден вид инвестиција за која е потребна најмала сума на капитал за да започнете. Меѓутоа, важно е да запомнете дека ниту една инвестиција не е целосно безбедна, бидејќи добро знаете дека понекогаш и банките доживуваат неуспех.

Доколку сакате да инвестирате во фиксна камата, најпрво истражете го локалниот пазар за да пронајдете банки кои имаат највисока каматна стапка или да пронајдете алтернативи за банката. Тоа можат да бидат финансиски или градежни компании. Со инвестирањето на вашите пари во нив, вие ќе бидете во можност да обезбедите повисока каматна стапка за истите услови. Вашата цел е да ја имате највисоката каматна стапка за временски период кој ви одговара вам. На овој начин парите работат за вас, а не вие за парите.

Удел/акции

Уделот е следното ниво на инвестициите. Вие купувате удел во компанијата и може да профитирате со капитална добивка кога продавате или со дивиденди. Но, не сите акции плаќаат дивиденда, па затоа одлучете дали сакате да имате редовен приход или да чекате капитална добивка кога ќе продадете. Инвестирањето во акции има тенденција да биде поризично отколку фиксната камата, но не мора да значи поскапо. За да го намалите ризикот, од суштествено значење е да направите детално и темелно истражување на пазарот и да ги поставите сите потребни прашања за да ја одберете соодветната инвестиција за вас.

Недвижен имот

Постојат неколку начини на инвестирање кога станува збор за недвижен имот.

Ако инвестирате во имот за изнајмување разгледајте надвор од поголемите градови, каде што цената е релативно пониска. Недвижниот имот не е ограничен само на куќите, треба да ги земете предвид и становите и деловните простори. Исто така, може да разгледате и во помалку популарните области на градот каде што, повторно цените на имотот се поевтини. Тоа што е важно да запаметите е дека вие нема да живеете таму, па затоа не заборавајте дека не барате нешто за вас!

Често луѓето сакаат да инвестираат во недвижен имот, но немаат доволно финансиски средства за да купат имот за изнајмување. Препораката во овој случај би била да се стават парите во заеднички фонд, кои првенствено се состои од имотни инвестиции.

Сите горенаведени инвестиции функционираат ако се посветите на развивање на вашето знаење за инвестирање. Ако сте заинтересирани да го зголемите своето богатство, тогаш секогаш постои начин да се инвестира на забавен и креативен начин. Треба да знаете како лично функционирате за да креирате одржливи приливи на приходи. Кога ќе се фокусирате на она што ве интересира, тоа станува забавно и се чувствувате како да не работите воопшто.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.