Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот , Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ден.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
facebook instagram
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Пред да почнете со организација, мора прво да го исчистите вашиот гардеробер. Со други зборови, тргнете на страна се што носите и фрлете се што одамна не сте носеле. 

 

Обрнете внимание на сите полици

Често горните полици стануваат место за сите ситни работи кои стојат само така расфрлени. За да ги средите, мора на се да му најдете свое место, а тоа најдобро ќе до направите со прегради. Ставете преграда помеѓу ташните, ремените или џемперите. 

 

Инвестирајте во добри закачалки,

Ако низ целиот гардеробер имате само еден вид на закачалки, вие ќе му дадете унифициран изглед и ќе им дозволите на облеките да се истакнат. Одверете закачалки кои не се лизгаат за да спречите постојано паѓање на свилените материјали.

 

Имајте дизајнирана кутија за донации

При менувањето на сезонските парчиња облека, често наидувате на такви што повеќе не се ваш стил. Ако не сакате одма да се ослободите од нив, купете убава платнена кутија во која ќе ги чувате додека не решите кој е вашиот следен потег. 

 

Користете столче

Столчето во гардероберот може да биде многу корисно, особено во оние утра кога брзате и без внимание ги потегнувате убаво здиплените облеки. Столчето ќе ви помогне секогаш се да ви е во линија со очите, па така полесно ќе можете да видите што ви е потребни и повнимателно да го извадите истото. 

 

Полици за кондури

Полиците за кондури не треба да завземаат многу место. Најдобро е тие да се вертикални и отворени. Одберете мало шкафче со неколку полици каде ќше ги чувате кондурите кои најчесто ги носите или оние кое се подложни на уништување. 

 

Поделете по сезони

Не секогаш имаме место за сите облеки кои ги поседуваме, па затоа е најдобро да ги поделите по сезони. Она што не се носи во лето складирајте го внимателно во затворениот дел од гардероберот, а другото изложете го. Истото направете го и во зимскиот приод. 

 

Средете го гардероберот како да сте во продавница

Една од работите зошто го сакаме толку шопингот е поради чувството што го имаме кога ќе влеземе во продавница. Секогаш се е средено, чисто и испеглано. Направете го истото и со вашиот гардеробер, па така секогаш кога ќе го видите ќе имате чувство како да сте отишле на шопинг. 

 

 

 

 

 

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Најдобри песни за 2020
КАТЕГОРИЈА
Најдобри песни за 2020
Време е да ја збогатите вашата музичка листа со неколку новитети.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.