ЕДНОСТАВНИ ЗДРАВИ ТРИКОВИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ СЕКОЈ ДЕН, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
ЕДНОСТАВНИ ЗДРАВИ ТРИКОВИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ СЕКОЈ ДЕН
facebook instagram
ЕДНОСТАВНИ ЗДРАВИ ТРИКОВИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРИМЕНУВАТЕ СЕКОЈ ДЕН

МИРИС НА ПОРТОКАЛ ЗА МОМЕНТАЛНО ПОДОБРУВАЊЕ НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Истражувањата покажувааат дека етеричното масло од портокал природно го подобрува расположението, ве расонува, и може да ја намали анксиозноста. Можете да нанесете и масло од портокал на вашите зглобови или да го измасирате на вашите слепоочници за да го задржите истиот ефект во текот на целиот ден.

СТАВЕТЕ МАРАМЧЕ СО НЕКОЛКУ КАПКИ МАСЛО ОД ЛАВАНДА ВО ВАШАТА ПЕРНИЦА ПРЕД СПИЕЊЕ

Оваа едноставна ароматерапија во домашни услови ќе ви помогне да спиете длабоко и мирно.

КОРИСТЕТЕ ЗАБЕН КОНЕЦ РЕДОВНО

Чистењето заби со забен конец е здраво и ќе ја направи вашата уста посвежа. Едно истражување покажало дека користењето забен конец помага дури и во спречувањето на срцеви заболувања?!

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШИОТ ВИД СО ПРАВИЛОТО 20/20/20

Гледањето во телефон или лаптоп цел ден ги заморува вашите очи. Правилото 20/20/20 го намалува негативниот ефект од зрачењето. На секои 20 минути, земете си 20-минутна пауза и гледајте околу шест метри (20 стапки) во далечината.

МЕДИТИРАЈТЕ - ДУРИ И АКО ТОА Е САМО 10 МИНУТИ ДНЕВНО

Земете си малку време да седнете, да се релаксирате, да земете воздух - вдишувањето и издишувањето можат да направат голема разлика во вашето расположение. Ако сè уште сте новајлија во медитирањето, можете да почнете да учите со некоја од многуте апликации за медитирање. Ако пак не можете да седите мирни, пробајте со активна медитација. 

РАСТЕГНЕТЕ СЕ!

Не мора да бидете посветен јоги за добро да ги истегнете мускулите. Овие неколку вежби за истегнување се едноставни, а многу ефективни.
Ако одите на работа со автобус, симнете се една станица порано и пешачете до работното место
Освен тоа што ќе се раздвижите, ќе поминете некое време на свеж воздух и ќе си ги исчистите мислите пред да влезете во канцеларија.

ПИЕЊЕТО БИЛНИ ЧАЕВИ НЕКА ВИ СТАНЕ НАВИКА

Постои билен чај за сè. Зелениот чај е одличен за зголемување на енергијата и е одлична алтернатива за кафето, камилицата ви помага полесно да заспиете, а анасонот и нането помагаат при проблеми со варењето.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПРЕМНОГУ ТЕХНОЛОГИЈА НАДВОР ОД РАБОТНОТО МЕСТО

Не велиме дека треба да го исклучите телефонот во моментот кога ќе ја напуштите канцеларијата, но исто така немојте да бидете залепени за екранот сè додека не заспиете. Ова ќе ви помогне полесно да се „исклучите“.

ОБИДЕТЕ СЕ ДА СИ ЛЕГНУВАТЕ ЕДЕН ЧАС ПОРАНО ОД ВООБИЧАЕНО

Многу од симтомите поврзани со стрес доаѓаат од недостаток на сон. Обидете се да спиете малку повеќе, и видете како ќе се чувствувате. Ако ви е тешко да си легнувате порано, ставете аларм за времето кога сакате да бидете во кревет.

САКАЈТЕ И НЕГУВАЈТЕ ГО ВАШЕТО ТЕЛО СО ПРОИЗВОДИ НАПРАВЕНИ ДОМА

Направете смеса од кафен шеќер и маслиново масло која можете да ја користите како пилинг за тело или маска за коса.

ВНИМАВАЈТЕ НА ВАШЕТО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛОТО

Ова е особено важно ако го поминувате поголемиот дел од денот на работна маса. Внимавајте како ги држите вашите рамена и врат. Држач за лаптоп е одлична инвестиција за да избегнете неправилно седење.

СЕКОГАШ КОРИСТЕТЕ ГИ СКАЛИТЕ

Качувањето по скали наместо возење со ескалатор или лифт е еден од наједноставните, а најефективните начини да вклучите малку физичка активност во секојдневието.

ТРГНЕТЕ СЕ ОД БИРОТО И ЈАДЕТЕ НАДВОР

Дури и ако поминете само 20 минути за време на паузата за ручек надвор, малку свеж водух може да направи огромна разлика во вашето расположение и продуктивност.

НОСЕТЕ СИ УЖИНА ПРИГОТВЕНА ДОМА

Зарем не ви се здодеани истите неколку јадења кои ги има во близина на вашата канцеларија. Пригответе си ужина од дома, ќе јадете поздраво и поразновидно, а и поефтино. Земете си овошје, направете си салата во тегла, или пак од вкусната пита на мама. Таа сигурно ќе биде пресреќна. 


ОДБЕРЕТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ КОГА НЕМА ДА ПИЕТЕ АЛКОХОЛ

Ако алкохолот е неизбежен во четвртоците, петоците и саботите, речете „не“ на чаша вино за време на вечерата во понеделник. Балансот е најважен.

АКО ГО ЗАСЛАДУВАТЕ ВАШЕТО КАФЕ ИЛИ ЧАЈ, ОБИДЕТЕ СЕ ДА ГИ ЗАСЛАДУВАТЕ ПОМАЛКУ, А СО ТЕК НА ВРЕМЕ И ВООПШТО

Ова е лесен начин да го регулирате целокупниот внес на шеќер во вашиот организам.

НАПРАВЕТЕ СИ СМУТИ

Ова е одличен начин да внесете доволно овошје и зеленчук доколку секогаш немате време.

ЈАДЕТЕ ДОМА ПОЧЕСТО

Освен што ќе ги избегнете скриената сол, шеќер и масти во готовите јадења, исто така и ќе заштедите пари. Кога јадете дома, згответе малку повеќе за да имате ручек за два дена.

СЕКАДЕ НОСЕТЕ СИ ШИШЕ ВОДА

Носењето шише вода е најдобриот начин за да останете хидрирани во текот на целиот ден. Одбегнувајте пластика и одберете потрајна опција како стакло или метал.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.