ЕСЕНЦИЈАЛНА ХРАНА ЗА УБАВИНА, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
ЕСЕНЦИЈАЛНА ХРАНА ЗА УБАВИНА
facebook instagram
ЕСЕНЦИЈАЛНА ХРАНА ЗА УБАВИНА
Овој пат ви претставуваме неколку природни начини како да ја задржите вашата убавина преку конзумирање на следниве хранливи продукти:

КИВИ

Иако ова овошје не добива доволно внимание, тоа е богато со хранливи материи. Содржи повеќе витамин Ц од портокалот, а и високо количество на растителни влакна. Ситните семки на кивито содржат здрави маснотии кои ја освежуваат вашата кожа и коса. Тоа е богато и со антиоксиданси кои ја чуваат кожата од стареење и брчки, како и за здрави коски и заби.

БОРОВИНКИ

Боровинките се број еден на листата на овошје и зеленчук кои содржат најголемо количество на антиоксидантски својства. Тие се богати со растителни влакна, витамин Ц, антиоксиданси и содржат ниско количество на шеќер. Сите овие својства ги прават боровинките одлични за вашата кожа, коса па дури и вашата тежина.

КОКОСОВО МАСЛО

Од неодамна присутно и кај нас, кокосовото масло има зачудувачки ефект во дотоксикацијата и борбата против знаците на стареење. Може да го користите како навлажнувач за косата и кожата, така што ќе ја зачувате нивната свежина и виталност. Кога го конзумирате со јадење, тоа го забрзува метаболизмот и ви дава енегрија, а воопшто нема масти.     

ЦРНО ЧОКОЛАДО

Да, можете да консумирате чоколадо секој ден, но во одредени количини. Црното чоколадото е богато со антиоксидантски својства кои ја одржуваат кожата здрава и го подобруваат крвотокот во телото. Тоа ја штити кожата од сончеви зраци, а воедно и дава и младешки изглед. Црното чоколадо е богато и со железо, магезиум и растителни влакна.

ЛОСОС

Листата на храна за убавина не би била комплетна ако не го споменеме семоќниот лосос. Сигрно веќе знаете дека тој е богат со масните киселини Омега-3, витамин Б, магнезиум, железо и протеини. Една од најдобрите храни за губење на тежината, како и за убава коса, кожа, нокти и превенција од депресија.
Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.