Говор на телото: 5 грешки кои жените лидери ги прават, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Говор на телото: 5 грешки кои жените лидери ги прават
facebook instagram
Говор на телото: 5 грешки кои жените лидери ги прават

Ова се неколку грешки кои жените можеби несвесно ги прават и оставаат погрешен впечаток.

Навалување на главата

Навалувањето на главата е вообичена појава кога се обидувате внимателно да ја слушате личноста која зборува. Меѓутоа, лошата вест е дека претставува знак на потчинетост, сигнализирајќи дека потчинетата личност се обидува да биде на пониско физичко и социјално ниво од доминантната личност. Кога жената лидер има навика да ја навалува главата при разговорите, потсвесно остава впечаток дека ѝ недостасува авторитет. Затоа, обидете се навалувањето на главата да го сведете на минимум.

Невербална комуникација

Невербалната комуникација е многу важна при комуникацијата со луѓето и вклучува гестови со рацете, изрази на лицето, држењето и движењето на телото. Многу често и вербалната комуникација погрешно се толкува, а да не зборуваме за невербалната во која се употребуваат толку многу движења, особено со рацете. Доколку сакате да оставите впечаток на моќна жена на која не ѝ недостасува контрола и авторитет, намалете го движењето на рацете и секогаш изгледајте смирено.

Премногу женствени движења

Некои мали и деликатни движења на телото, како на пример: играње со косата, допирање на лицето или вратот, како и прегрнувањето настануваат кога ќе се појават одредени тешки ситуации и се наменети за смирување и утеха на другите. Истражувањата покажуваат дека ваквото однесување е одраз на мајчинската улога при смирување на вознемиреното дете и во бизнис-средината се оценува како премногу „женствено“. Затоа, следниот пат кога ќе се најдете во тешка ситуација, обидете се движењето на рацете да го сведете на минимум.

Намалување на просторот

Големината е важна. Овде на станува збор за колку сте големи и високи вие, бидејќи тоа не е во ваша контрола, туку се работи за просторот кој ви е потребен за работа. Иако непристојното „ширење“ не е добра идеја и за мажите, сведувањето на вашиот работен простор на минимално катче, исто така не оди во корист на вашиот авторитет. Препорака за во иднина: на следниот состанок, проширете го својот простор и дозволете си удобност на вашето работно место.

Слабо ракување

Мажите и жените подеднакво се оценуваат за својот карактер и самодоверба според цврстината на нивното ракување, меѓутоа поради нежните женски раце и според „законот на природата“ жените имаат послабо ракување. Ракувањето мора да биде кратко, цврсто, проследено со сигурност и самодоверба и контакт со очите. Ова е многу значајно во корпоративната сфера, па своето ракување можете да го извежбате пред да ја усовршите оваа техника.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.