Како да го организирате животот: 10 навики на организираните луѓе, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Како да го организирате животот: 10 навики на организираните луѓе
facebook instagram
Како да го организирате животот: 10 навики на организираните луѓе

Запишувајте

Сигурно сите познавате некој кој ги памти родендените на сите пријатели и им испраќа пораки секоја година. Тоа не е магија, а не е ниту случајност, а најмалку е добра меморија. Обидот да ги запамтите сите важни дати уште од самиот почеток е осуден на пропаст. Затоа пробајте да ги запишувате сите важни работи кои треба да ги запамтите, а за тоа потребни ви се само лист хартија и пенкало или едноставно водете дневник. Современата технологија, исто така, ви нуди одлични можности и придобивки, па така сега своите белешки можете да ги запишувате и на вашиот компјутер или смартфон. Запишувајте сè што сакате да запамтите и вашиот живот значително ќе се подобри.

Домашна задача: Запишете ги на лист хартија имињата на сите што ќе ги запознате денес, а подоцна ќе забележите дека веќе сте ги запамтиле со само едно запишување.

Направете распоред

Организираните луѓе не го губат времето залудно. Тие секогаш имаат на ум дека организираноста оди рака под рака со продуктивноста. Така, за да ја одржуваат продуктивноста на високо ниво, тие прават дневни и неделни распореди, тие поставуваат рокови и одредуваат цели. А што е најважно, тие се придржуваат до својот план и ги исполнуваат своите цели. Доколку сте неуредни со време и не посветувате внимание на предвремено планирање, нема да можете да постигнете сè што сте наумиле и со сигурност нешто ќе заборавите да направите.

Домашна задача: Направете листа со работи кои сакате да ги направите оваа година или генерално, во животот, а потоа запишете што е потребно за да ги остварите.

Одложувањето е забрането!

Колку повеќе простор си оставате за да ја завршите некоја работа, толку потешко ќе ви биде да ја исполните. Доколку не сакате вашиот живот да биде исполнет со стрес и притисок, тогаш посветете поголемо внимание на организацијата и планирањето на активностите и обврските, а со самото тоа ќе си ја олесните работата.

Домашна задача: Размислете што е тоа што постојано го одложувате за подоцна. Запишете го на еден лист хартија, а потоа размислете како можете да го направите тоа и кога. Ако можете да ја завршите оваа работа сега, тогаш е време да се впуштите во акција!

Секој предмет си има соодветно место

Кога немате свој дом, лесно можете да се загубите. Така е и со предметите. Ако секој предмет нема свој сопствен дом, ако секој предмет нема свое соодветно место каде што ќе го чувате, тогаш многу лесно ќе западнете во хаосот на нештата. Најдете му соодветно место на секој предмет што е значаен, обележете го и секогаш чувајте го таму.

Домашна задача: изберете едно место во домот кое сакате да го организирате. Непотребните работи соберете ги во една кутија и задолжително запишете врз кутијата за какви предмети станува збор, а најдобро е ако не го запишувате со „разно“, бидејќи нема да знаете што се наоѓа внатре, ќе ја отворите кутијата и повторно ќе настане хаос.

Неделна организација

Секогаш кога имате малку слободно време, искористете го разумно и организирајте го својот распоред. Добро организираните луѓе барем еднаш во неделата наоѓаат време да ги испланираат неделните активности и обврски, бидејќи тие нема да се организираат самите од себе. Организираните луѓе се луѓе од акција и секогаш ги завршуваат своите обврски навреме.

Домашна задача: Проверете го распоредот за наредната недела и пронајдете време за да ги организирате работните обврски.

Помалку предмети, помал хаос!

Дали мислите дека организираните луѓе ги чуваат и ги користат сите предмети кои ги поседуваат? Луѓето кои водат организиран живот никогаш не ги чуваат предметите во домот само да им собираат прашина. Дали сте се нашле во ситуација да немате доволно простор за предметите кои навистина ги обожавате? Затоа, расчистете го хаосот во домот и ќе го расчистите хаосот во вашиот живот.

Домашна задача: направете листа со работи што ви се потребни и работи што ги поседувате. Доколку листата со работи што ги поседувате е поголема од листата со работите што ви се потребни, време е за реорганизација.

Правилно откачете се од непотребниот неред

Со оглед на фактот помалку предмети, помал хаос, откако ќе ги расчистите и спакувате непотребните работи, време е да размислите што ќе правите со тие работи. Наместо да ги фрлите, можете да се обидете да ги продадете на интернет или направете добро дело и дадете му ги на некој на кој му се најпотребни.

Домашна задача: Изберете едно место во домот на кое очајно му е потребна реорганизација. Спакувајте сè во кутии и најдете една личност на која ѝ се потребни тие работи.

Држете се подалеку од распродажби и евтини зделки

Откако конечно го расчистивте нередот и хаосот во вашиот дом, дали вашата следна цел е старите предмети да ги замените со нови? Промените се секогаш добредојдени, меѓутоа, погледнете во вашата листа со работи кои ви се потребни и работи кои ги поседувате и ќе видите кои работи навистина треба да ги купите.

Домашна задача: отидете во шопинг центар без пари и само набљудувајте. Колку работи би купиле доколку со вас би го понеле паричникот?

Менаџирање на обврските

Правилната распределба на обврските и активностите е од суштинско значење. Вие најдобро знаете која обврска кога треба да биде завршена, само погледнете ја листата со работи кои постојано ги одложувате. Организираниот живот не значи живот со илјада и една обврска, добро организираниот живот значи живот со помалку обврски бидејќи вие веќе сте се погрижиле за сè навреме.

Домашна задача: погледнете го вашиот распоред и вашата листа обврски и најдете една работа која може да избришете од таа листа или да му ја доделите на некој друг и почувствувајте мало олеснување.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.