КАКО ДА ГО ПОДОБРИТЕ ДРЖЕЊЕТО ДОДЕКА СТЕ НА РАБОТА?, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
КАКО ДА ГО ПОДОБРИТЕ ДРЖЕЊЕТО ДОДЕКА СТЕ НА РАБОТА?
facebook instagram
КАКО ДА ГО ПОДОБРИТЕ ДРЖЕЊЕТО ДОДЕКА СТЕ НА РАБОТА?
Не обвинувајте се себеси, сите го правиме тоа. Но, не треба да ви биде утеха, бидејќи лошото држење ја влошува циркулацијата, ја намалува енергијата и може да го влоши чувството на депресија. Лошото држење во комбинација со седење долг период од денот преставува вистински ризик за вашето севкупно здравје.

Ако имате канцелариска работа, тешко е да ги одбегнете негативните страни на седењето и подгрбавувањето. За среќа, постојат многу трикови кои можете да ги искористите за постепено да го подобрите вашето држење.

УШИТЕ И РАМЕНИЦИТЕ НЕКА ВИ БИДАТ ВО ИСТА ЛИНИЈА 

Ако имате тенденција да се наведнувате нанапред или наназад, тогаш имате лошо држење. Сетете се на овој трик, и обидете се секогаш кога седите на биро ушите и рамениците да ви бидат во иста линија. 

МАЛИ ВЕЖБИ ЗА РАМЕНИЦИТЕ И ГРАДИТЕ 

Почнете со овие едноставни две вежби кои вреди да ги пробате: 

• Застанете до ѕидот, раширете ги нозете и испружете ги рацете паралелно со подот. Свиткајте ги рацете нагоре во агол од 90 степени, а потоа движејќи ги рамениците движете ги рацете по нагоре и надолу по ѕидот. Направете го ова барем 15 пати. 

• Подигајте и спуштајте ги рамениците. Ова едноставно движење ќе го намали притисокот во рамениците и плешките. 

НЕ ГИ ПРЕКРСТУВАЈТЕ НОЗЕТЕ 

Правилниот начин на седење бара да ги поставите двете нозе на подот. Тоа значи без прекрстување на нозете или пружање право пред вас. Ако ваквото седење ви е неудобно обидете се да ја прилагодите висината.

ПОВЛЕЧЕТЕ ГИ ПЛЕШКИТЕ НАНАЗАД 

Кога ги повлекувате плешките наназад и надолу, истовремено ги буткате градите нанапред со што ќе го избегнете подгрбавувањето. 

КОРИСТЕТЕ АНАТОМСКА ПЕРНИЦА 

Поставете анатомска перница во пределот на половината. На овој начин, ќе бидете приморани да се исправите секогаш кога ќе се подгрбавите, од едноставна причина што перницата ќе ве потсетува дека седите искривено. 

СТАНУВАЈТЕ И ДВИЖЕТЕ СЕ 

Седењето во подолги временски периоди може сериозно да му наштети на вашето тело. Континуираното седење предизвикува влошен крвоток, слабеење на стомачните мускули, слабеење на коските поради неактивниот живот, што во долгорочни рамки може да резултира со намалување на очекуваниот животен век. 

Ако не можете да си дозволите почесто да станувате и да се движите, вклучете мали прошетки во дневниот распоред, така што ќе станувате барем на секој час. Одете по скали наместо со лифт, паузите поминувајте ги движење, станувајте одвреме-навреме и истегнувајте се накратко. Освен за вашето здравје, движењето е добро и за вашата работа, бидејќи на овој начин ќе ја подобрите ефикасноста и концентрацијата.
Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.