КАКО ДА ГО СВЕТНЕТЕ ВАШИОТ НАКИТ, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
КАКО ДА ГО СВЕТНЕТЕ ВАШИОТ НАКИТ
facebook instagram
КАКО ДА ГО СВЕТНЕТЕ ВАШИОТ НАКИТ
АЛУМИНИУМСКА ФОЛИЈА

За да го исчистите својот накит, едноставно обложете една мала чинија со алуминиумска фолија. Наполнете ја чинијата со топла вода и ставете една супена лажица прашок за перење (без избелувач), немојте да користите течен детергент. Оставете го накитот во растворот една до две минути. Убаво исплакнете и исушете го со фен. Оваа постапка може да ја користите и за чистење на сребрен есцајг.

СОДА БИКАРБОНА

За да ги одстраните поцрнетите дамки на среброто направете паста од ¼ шолја за кафе сода со 2 лажици вода. Потоа со пастата истријте го накитот или предметот што е оксидиран. Исплакнете и исушете го парчето. За златен накит искоритете ја истата паста и прекријте го целото парче накит, ставете го во стаклен или порцелански сад и полејте го со алкохолен оцет или лимонска киселина. Откако ќе спласне пената исплакнете и исушете го накитот со памучна крпа.
Не ја користете оваа техника доколку во накитот има драги камења или бисери, бидејки киселината може да ги оштети.

КИСЕЛА ВОДА

Натопете ги вашите дијаманти, рубини, сафири и останати скапоцени камења во чаша со кисела вода. Оставете ги да одстојат во текот на ноќта, и наутро ќе им биде вратен сјајот како кога биле нови.

ТАБЛЕТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ЗАБНИ ПРОТЕЗИ 

Растворете една таблета во шолјичка за кафе и ставете го стариот накит во растворот. По само неколку минути сјајот ке биде вратен и вашиот стар накит ќе свети како нов. 

КЕЧАП

Кечапот може да ви заврши голема работа во одстранувањето на црните дамки од вашиот накит. Ако вашиот прстен, алка или обетки имаат мазна површина, оставете ги во чинија со кечап да одстојат неколку минути и потоа исплакнете. Но ако вашиот накит има нерамна површина, користете стара четкичка за заби натопена во кечап, како би ги исчистиле недостапните површини. Не го оставајте среброто предолго во контакт со кечапот за да ги избегнете несаканите ефекти. 

ПАСТА ЗА ЗАБИ

Со старата четкичка за заби истријте го стариот накит како сто ги триете вашите заби, исплакнете и тој ке светне како нов.

ВОДКА

Неколку капки водка на памучна крпа можат да исчистат и светнат било кој тип на стакло и кристал. Ставете го вашиот дијамантски прстен во чашка со водка на неколку минути и ќе му го вратите сјајот.
Избегнувајте контакт со алкохол доколку не сте сигурни дека станува збор за вистински кристал. Само дијаманти, сафири, смарагди и слични драги и полудраги камења уживаат и оживуваат во водка.

СРЕДСТВО ЗА СТАКЛА

Користете средство за чистење стакло како би исчистиле накит од метал и драги камења. Нанесете од средството и со стара четкичка за заби убаво истијте го накитот. Не го употребувајте овој метод ако вашиот накит содржи опал, тиркиз или други минерали како корали и бисери. Амонијакот и детергентот можат да им ги оштетат бојата и сјајот на некои полудраги камења.
Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.