КАКО ДА ЈА ЗАШТИТЕ КОЖАТА ОД ЗАГАДУВАЊЕТО?, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
КАКО ДА ЈА ЗАШТИТЕ КОЖАТА ОД ЗАГАДУВАЊЕТО?
facebook instagram
КАКО ДА ЈА ЗАШТИТЕ КОЖАТА ОД ЗАГАДУВАЊЕТО?
Ефектите од изложеноста на загаден воздух можат да предизвикаат респираторни проблеми и воспаленија, а време е да почнете да размислувате и во врска со загадувањето и ефектите кои ги има врз кожата. 

Загадувањето не предизвикува само оштетување на озонскиот слој, тоа исто така го опустошува вашиот тен. Загадувањето е вториот најштетен агресивен фактор кој влијае на вашата кожа, по сонцето.

Па што е загадувањето? Воздухот кој не опкружува е загаден најмногу од чад, издувни гасови и честици од автомобилите, индустриски испуштања на гасови, тешки метали (познати и како надворешни загадувачи), па дури и емисии од едноставни домашни задачи како готвење и чистење (познати како внатрешни загадувачи). 

Освен ако сте дел малиот процент од популацијата со генетски чувствителна кожа, тогаш иритациите како црвенило и чешање веројатно се предизвикани од еколошките агресори (загадување, УВ зраци, лошото време). Ова значи дека искусувате еколошки предизвикана реакција и вашата кожа привремено станува чувствителна.

Клучот за ублажување на реакциите е нега на кожата. Основната нега на чистење и хидратација на кожата е задолжителна. Високо препорачливи се брендовите кои користат природни и органски состојки, без вештачки парфеми. 
Ако вашата кожа не покажува знаци на реакција не значи дека е имуна на ефектите на загадувањето. Загадувачите го зголемуваат бројот на слободни радикали во воздухот. Тие во комбинација со УВ зрачењете го намалуваат производството на колаген во кожата, што предизвикува губење на еластичноста на кожата. Губењето на еластичноста и даваат на кожата погруба тесктура и појава на брчки. Другите ефекти вклучуваат сушење на кожата, прерано стареење, осипи, егзема и акни.

НЕГА

Иако не можете целосно да ја заштитите кожата од загадувањето на воздухот можете да превземете мерки кои ќе го минимизираат ефектот. Пристапот за заштита од загадувањето треба да биде сличен како кон сонцето, превенцијата е најдобриот лек.

Најважната заштита против загадувањето е миење и чистење на лицето. Штетните честици во атмосферата се помали и до 20 пати од вашите пори, а длабокото чистење на кожата може да ги исчисти овие микроскопски честици пред да предизвикаат воспаленија и иритации. Клучот е во справување со загадувањето е да и обезбедите на вашата кожа активна хидратација, и доволно антиоксиданси кои кои ќе им се спротистават на слободните радикали. Воедно важно е да одберете козметика која ја почитува pH вредноста на кожата, овозможувајќи и оптимална нега. 

Внимавајте и на вашиот режим на исхрана. Внесувајте доволно витамин Ц, А и Е, и антиоксиданси кои се борат со слободните радикали во телото, со што вашето тело се стреми кон заштита и намалување на оштетувањето на кожата. Внесувањето на доволно течности е уште еден клучен фактор за одржување на хидрацијата на телото, одржување на општото здравје на клетките и подобрување на циркулацијата.
Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.