Како да се соочите со конфликтите на работното место, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Како да се соочите со конфликтите на работното место
facebook instagram
Како да се соочите со конфликтите на работното место

Конфронтацијата со личноста со која имате конфликт може да биде стресно, но од друга страна може да донесе позитивен резултат и да ги инспирира другите колеги да водат поголема грижа за работната етика.
Меѓутоа, постојат голем број причини зошто избегнувате да се соочите со конфликот и со личноста со која имате конфликт. Можеби конфронтацијата ве прави нервозни, можеби не сакате да привлекувате внимание на работа, можеби чекате некој друг да преземе нешто во врска со случајот, но сепак, доколку отворено проговорите за проблемот, тоа може да предизвика почит кај другите кон вас.

Неколку совети за да му пристапите на конфликтот на правилен начин:

Самоконфронтација

Најпрво, треба да му пристапите на конфлитот од внатрешен аспект, односно самите да се соочите со конфликтот. Знаете дека сте гневни, но зошто всушност сте гневни, што е вистинската причина за овој конфликт и зошто воопшто претставува конфликт. Затоа, прво треба самите да дојдете до заклучок кои се вашите граници во врска со конфликтот набљудувајќи ги вашите реакции на ситуацијата. За полесно да дојдете до овој заклучок, најдобро е да ги запишете вашите мисли и ставови, за на крај јасно да видите што е тоа што го предизвикало конфликтот.

Конфронтација со личноста

Потоа, можете да се свртите кон надворешниот аспект. Имено, размислете од гледна точка на личноста со која имате конфликт, што таа сака, зошто така се однесува и дали е соодветно тоа однесување. За да биде конфронтацијата со позитивен исход, вежбајте најпрво за помали конфликти, а потоа покажете ѝ на личноста дека го почитувате нејзиното мислење и дека целта на вашата конфронтација е да ја подобрите ситуацијата и да го решите недоразбирањето. Меѓутоа, споделете го вашето мислење јасно и концизно и поддржете го со факти и аргументи и притоа користете смирен тон во гласот.

Соодветно време

Изборот на соодветното време за соочување со личноста со која имате конфликт е од клучно значење. Ако ја оставите ситуацијата сама од себе да се реши или чекате некој друг да ја реши, може да дојде до точка на вриење кога најмалку очекувате. Но, бидете подготвени да го искажете својот став и мислење и имајте предвид дали тоа е вистинското време и за другата личност, за да може вистински да се фокусира и да ве ислуша.

Грешки кои треба да ги избегнувате:

- Не плашете се да го искажете своето мислење и став без разлика дали се совпаѓа со мислењето на другите и верувајте во важноста на вашето мислење.
- Не ја одолговлекувајте конфронтацијата. Со цел да ја избегнете неудобноста од конфронтацијата, често го одолговлекувате времето за конфронтација, а тоа само ја пролонгира ситуацијата и ги зголемува негативните последици кои може да настанат.
- Не претпоставувајте дека некој друг ќе ја реши ситуацијата. Обидете се да ја промените работната култура на работното место покажувајќи им на другите дека повеќе се грижите да има добра работна атмосфера отколку за неудобноста при конфронтацијата и дека сето тоа може да доведе до позитивен исход и решавање на конфликтот.
- Не помислувајте на најлошото додека се подготвувате за конфронтацијата, не ги предизвикувајте лошите мисли и не си правете дополнителен стрес.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.