Клучот за успехот е во вашите раце, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Клучот за успехот е во вашите раце
facebook instagram
Клучот за успехот е во вашите раце

За да ги подобрите шансите за успех прочитајте ги овие топ совети.

Самодоверба + акција

Ако нешто можете да постигнете во вашите соништа, тогаш можете да го постигнете тоа и во реалноста. Кога за цели ќе си ги поставите своите сништа, тогаш сте еден чекор поблиску до нивното остварување. Со веќе поставените цели вие веќе можете да преземете конкретни чекори и уште повеќе да се доближите до вашиот успех, за еден ден да застанете гордо на врвот и да кажете: „Јас успеав.“

Затоа, секој ден правете нешто со што ќе бидете поблиску до целта и не се плашете од неуспех, тој е само една скала поблиску до успехот, бидете самоуверени, верувајте дека ќе успеете и на крајот ќе се уверите во тоа.

Автентичност

Поставете си ги следните прашања:

Што значи успехот за мене?
Како ќе ми се промени животот ако станам успешна?
Кои се последиците ако сè остане како што е?

Не се споредувајте со другите, затоа што секој има различна дефиниција за успехот, дефинирајте што значи успехот за вас и дадете го првиот чекор кон целта.

Социјални вештини

Секој ден работете на себе, усовршете ги своите социјални вештини. Денес постојат огромен број достапни курсеви на интернет за асертивна комуникаија, обемна литература за социјалните вештини како и безброј видеа. Искористете ги придобивките од современата технологија.

Моќта на волјата

Силната волја е неопходна вештина за да постигнете успех. Треба да имате огромна волја и челични нерви за да истраете на патот до успехот. Добрата вест е дека сега можете да вежбате одложување на задоволството, а со тоа да ја усовршите оваа вештина. Ова можете да го направите со слатки. Земете одредена количина слатки и ставете ги на видно место и зададете си цел дека нема да ги изедете до одреден момент или додека не исполните некоја задача. Секој пат кога ќе се спротивставите на искушението, вашата волја станува посилна, а вие веќе сте постигнале една цел.

Старст + истрајност = долгорочни цели

Не се обесхрабрувајте само затоа што потребно е да помине подолго време за остварување на некоја цел. Многу често луѓето се откажуваат токму од таа причина, но бидете стрпливи, бидете истрајни, работете вредно и успехот ќе ви биде загарантиран. Само тоа што вистински го сакате од сè срце и што сте подготвени да чекате колку што е потребно, ќе ви донесе траен успех. Не заборавајте дека сите работи се случуваат во вистинското време кога треба да се случат и кога вие ќе бидете подготвени за нив.

Животот е постојан процес на раст и развој

Вие не сте статични суштеества. Животот не е статичен процес. Напротив, сè тече и сè се менува. Доколку нешто не ви се допаѓа, променете го, вие не сте дрво. Вие не сте непроменливи. Усвојте го ставот дека животот е процес во кој постојано се развивате и растете. Затоа, имајте на ум дека доколку нешто не сте постигнале поради личните препреки и фрустрации, никогаш не е доцна, секогаш е вистинско време за да научите нешто ново. Граници не постојат.

Љубовта е клуч за среќа

Успехот е нешто на кое можете активно да работите. Без разлика на материјалните добра кои ќе ги стекнете во животот, луѓето се чувствуваат најисполнето кога имаат добри и хармонични односи со најблиските. Со многубројните техники и стратегии и промени во начинот на размислување, со самостојно креирање на можности и одговорности, сепак, на крај кога ќе ги сумирате резултатите, останува љубовта. Сè што правите, правете со љубов и успехот нема да ве заобиколи.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.