Напишете извонреден говор за 15 минути, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Напишете извонреден говор за 15 минути
facebook instagram
Напишете извонреден говор за 15 минути

Колку долго ќе трае?

Должината на вашиот говор е првата точка која треба да ја разгледате, а тоа ќе ви овозможи да дознаете колку материјал ќе ви биде потребен и каква треба да биде структурата на говорот.
Денес, технологијата претставува примарно средство преку кое се примаат информациите. Затоа, бесцелно е да трошите време кога имате само 15 минути да држите говор, а ризикувате на крајот од говорот да не бидете сослушани од публиката. Ако се придржувате кон правилото од 10 минути, нема да ви недостасува време за да го завршите говорот и нема да имате потреба да ризикувате да го завршите говорот предвреме, а со тоа да изгубите на квалитетот.

Која е вашата публика?

Доколку имате потешкотии при селекција на материјалот за говорот, а времето не е на ваша страна, тогаш земете ја предвид вашата публика. Што би сакале тие да знаат? Со какви проблеми би можеле да се соочат тие? Ваквите прашања ќе ви помогнат при вашите идеи за говорот, така што тој ќе биде порелевантен за вашата публика. Тонот со кој ќе ѝ се обратите на публиката игра важна улога. Вашата главна порака на говорот треба да биде насочена кон интересите и проблемите на вашата публика, така што вашиот говор ќе ги подучи слушателите и ќе понуди решенија.

Каква е вашата структура?

Планот и структурата се столбовите на добриот говор, затоа добро испланирајте ја структурата на говорот од воведниот дел до заклучокот. Посветете внимание како ги пласирате информациите, на почетокот или на крајот, а најдобро е ако рамномерно ги распоредите, за да не ги збуните слушателите и постојано да го имате нивното внимание.

Вежбајте го на глас

Додека го пишувате вашиот говор, не заборавајте да го вежбајте на глас затоа што нема да имате многу време за вежбање откако ќе го завршите. Вежбањето на глас е многу поефективно од читањето во себе. Додека го читате на глас ќе добиете нови идеи и доколку нешто не ви звучи доволно јасно можете да направите корекција во редоследот на зборовите.

Заклучок

Да се напише извонреден говор кој ќе трае помалку од 15 минути не е лесна задача за искусните и вешти експерти, а да не зборуваме за почетниците. За вашиот говор да биде запаметен, завршете го со добар заклучок и прашање или реченица кои ќе ги поттикне слушателите да размислуваат и по завршетокот на говорот. И не заборавајте да ги вежбате овие стратегии и набрзо и вие ќе бидете вешти при пишувањето и ќе делите совети за пишување на говор под 15 минути.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.