Напорната работа е поважна од талентот, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Напорната работа е поважна од талентот
facebook instagram
Напорната работа е поважна од талентот

Без разлика на што ве навлекуваат медиумите да мислите, напорната работа е поважна од талентот и секогаш се исплаќа. Што ќе се случи ако му кажете на едно дете дека е талентирано? Тоа дете ќе смета дека поседува вроден талент за науки и воопшто нема да се труди да учи напорно за да постигне добри резултати, а кога ќе се најде во реалните животни ситуации ќе се соочи со вистината и ќе сфати дека напорниот труд и работа е тоа што ги издвојува успешните луѓе од останатите.

Исто така, ако етикетата на „(не)талентираност“ му ја залепите на некој кој одвај собрал храброст и почнал да посетува часови по цртање, тогаш таа личност многу лесно ќе се разочара и ќе се откаже од своите соништа.

Да се нарече една личност „талентирана“ може да се сфати и како знак на неучтивост. Тоа значи дека таа личност воопшто не работела напорно и не се трудела за да го постигне тоа што го има и дека сè се должи на нејзиниот „талент“.

Вистина е дека некои се подобри во нешто од другите, но напорната работа е вистинската тајна за успех, а ова се трите чекори кои треба да ги следите доколку сакате да го искористите целиот свој потенцијал.

Како прво, запрашајте се што ве интересира најмногу

За што размислувате најчесто? За што се грижите најмногу? Што би сакале да правите во слободното време? Што е тоа што ви носи задоволство? Доколку не сте сигурни кои се вашите интереси и вештини, обидете се со повеќе хобија и активности и откријте го вистинското за вас.

Како второ, надоградувајте ги своите јаки страни

Доколку веќе откривте дека би сакале да се вклучите во уметноста и таа е тоа што ве фасцинира, пронајдете средства кои ќе ви помогнат да бидете совршени во тоа што го правите. Посетувајте курсеви, пронајдете ментор или едноставно подучувајте се самите со помош на материјалите кои можете да ги најдете на интернет. Најпрво работете на основните вештини, а потоа чекор по чекор искачувајте се кон највисокото ниво. Повторувањето е мајка на знаењето. Колку повеќе учите, толку повеќе знаете!

Како трето, барајте фидбек

Повратната информација и мислење од другите е важно за вашето подобрување и искачување на скалата кон успехот. Успешните луѓе никогаш не престануваат да учат и ја почитуваат конструктивната критика. Земете ги предвид мислењата на другите за вашиот труд и работа и искористете ги за да се подобрите и никогаш не престанувајте да се трудите. Не е важно мислењето на другите дали вие сте талентирани или не, она што е најважно е вашиот личен труд и белег кој го оставате зад себе.

Верувајте во себе!

Кога ќе сфатите напорната работа е многу поважна од талентот, ќе се почувствувате слободни во следењето на своите соништа. Што ако некој ви каже дека немате талент и дека не покажувате потенцијал во одредено поле? Вие знаете дека доколку го изберете да го следите тоа што вас ве интересира и дека максимално ќе се посветите да изградите беспрекорни вештини, не постои причина да не успеете. И не заборавјте ако некој ве нарече само „талентирани“, потсетете ги дека напорната работа ве донесе на тоа место каде што сте сега.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.