Направете ја вашата канцеларија модерна и функционална, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Направете ја вашата канцеларија модерна и функционална
facebook instagram
Направете ја вашата канцеларија модерна и функционална

Зеленило

Истражувањата покажуваат дека зеленилото и растенијата ја зголемуваат продуктивноста во секоја канцеларија. Стратешки добро поставените растенија во канцеларијата добро ќе се одразат и врз вработените и врз клиентите. Освен тоа, живите растенија имаат многу здравствени придобивки, што значи помалку отсуства на вработените од здравствени причини. Изборот на вистинските растенија ќе ги поттикне вработените подобро да се фокусираат, да го подобрат своето здравје и да создадат пријатна канцелариска атмосфера.

Правилно осветлување

Природното осветлување е најдоброто осветлување за канцеларијата, но не сите деловни простори се благословени со ова. Ако недостасува природна светлина, можете да ја зголемите продуктивноста на вработените со користење на стилски светла. При дизјанирањето и декорирањето на канцелариите, повеќе внимание се посветува на позиционирањето на работните маси и технолошките потреби, што на осветлувањето сосема се заборава. Доколку не можете да го смените осветлувањето на работното место, поставувањето на стилски светилки на работната маса или во некој отворен агол може да внесе топлина во канцеларијата и современ стил во вашата околина.

Средено и чисто биро

Премногу често сте толку бомбардирани со работа што дури трепнете вашето биро е преполно со полуотворени пликови, договори и белешки од вашиот последен состанок. За жал, несреденото биро испраќа лоша порака до другите вработени и клиенти, порака што вели дека кај вас владее хаосот! За среќа, постојат многу продавници за канцелариска опрема, па многу лесно можете од најголемиот хаос да создадете средена и хармонична средина, а истовремено додавајќи малку боја во вашата канцеларија.

Уредна кујна

На вашата кујна исто така ѝ е потребна малку боја. Заедничката кујна во канцелариите која се состои од едно ограничено место со чајник и микробранова и закачена порака: „Секој да си го исчисти својот неред“ е само уште еден фактор кој влијае врз непродуктивноста на вработените. Искористете го овој простор на стилски и креативен начин, каде што вработените ќе уживаат во својот оброк, шолјата кафе ќе биде вистинско задоволство, а тие навистина ќе направат пауза од својата работа. Со инвестирањето во кујна со пастелни бои, вработените можеби навистина ќе почнат да си го чистат нередот кој го оставаат позади себе.

Организиран и среден простор околу принтерот

Многу ретко овој простор изгледа кул и стилски, но тоа не значи дека и овој простор не може да добие малку боја. Употребата на вистинската канцелариска опрема може да ви помогне да го организирате и средите овој простор додавајќи малку боја, текстура и стил за максимална продуктивност и функционалност.

Оваа мала инвестиција навистина ќе направи огромна разлика во средината каде што работите и каде што вработените ќе бидат исполнети и ќе сакаат да напредуваат. Без разлика дали се работи за тим од двајца или од педесет луѓе, создавањето средина која ја стимулира продуктивноста и ангажманот на вработените е апсолутно од клучно значење.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.