Од вработен до лидер: 5 трикови кои ќе ви помогнат, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Од вработен до лидер: 5 трикови кои ќе ви помогнат
facebook instagram
Од вработен до лидер: 5 трикови кои ќе ви помогнат

Зграпчете го денот

Без разлика каква позиција имате во компанијата и дали таа бара екстра работа, дадете го најдоброто од себе и зграпчете го секој ден. Многу луѓе се обидуваат да се лишат неколку часови од својот сон за да имаат повеќе време во текот на денот и да бидат попродуктивни. Но, недостатокот на сон може да му наштети на здравјето. Наместо од денот да правите ноќ, најпрво наспијте се убаво, а потоа уште рано наутро започнете со продуктивниот ден. Прочитајте ги следните совети за поголема продуктивност:

Будете се и легнувајте си во исто време

Оваа тактика ќе придонесе за вашето расположение и за вашата доследност на работното место. На пример: легнувајте си во 11 часот или на полноќ и разбудете се во 6 или во 7 часот наутро. Ќе се наспиете, а воедно ќе имате многу време за успешен ден.

Листа со обврски

Искористете го времето најдобро што можете. Најголемата замка кај луѓето што се откажуваат е тоа што тие мислат дека имаат време. Затоа, додека ја гледате вашата омилена серија направете листа со обврски за наредниот ден и определете го точното време за секоја активност. Следењето на конкретен распоред ќе ви помогне да го зграпчите денот и да ја зголемите продуктивноста.

Елиминирајте го одложувањето

Штом почне вашиот работен ден, не губете време на секојдневнибезначајни работи. Исклучете се од социјалните мрежи додека сте на работа, концентрирајте се на вашите бизнис цели и потрудете се да го дадете најдоброто од себе за успешен ден.

Не заборавајте од каде доаѓате

Тоа што е екстремно важно кога ќе почнете да се искачувате нагоре по скалата на успехот, е никогаш да не заборавите од каде доаѓате. Со други зборови, под какви било услови не се однесувајте шефовски со претходните колеги. Наместо тоа, секогаш бидете пријателски расположени и отворени за соработка. Ова не само што ќе ви помогне да изградите одлична репутација на лидер во бизнисот, тоа исто така ќе го подобри јавниот статус на компанијата. Како што вели Ричард Бренсон: „Слушајте ги своите вработени и дадете им право на избор.“
Кога разговарате со своите претходни колеги, без разлика дали се работи за деловен или приватен разговор, секогаш разговарајте на пријателски начин. Ако тие имаат потешкотии на работа, понудете им помош и дадете им шанса да го искажат своето мислење и да придонесат за компанијата. Важен аспект од вашата работа како лидер е и правилната распределба на работата и задачите на праведен начин. Вашата предност овде е тоа што вие ги познавате вработените и точно знаете која задача на кој да му ја доделите.

Континуирано учење

Нема да станете лидер преку ноќ. Да се биде лидер значи никогаш да не го прекинувате процесот на учење, не само во бизнис средината, туку и генерално во животната средина. Стекнувањето на вашите лидерски способности започнува во истиот момент кога ќе зачекорите во училишниот двор, односно со вашето прво влегување во канцеларијата. Овие места се местата каде што вие добивате знаење – знаење за цел живот. Затоа потрудете се да стекнете што е можно повеќе знаење. Од една страна, вие треба постојано да се надоградувате и да се едуцирате во вашата бизнис гранка, а од друга страна освен на вашите лидерски способности, треба да посветите внимание и на вашите социјални вештини и да станете најдобриот лидер што го познавате. Целокупното знаење што ќе го стекнете на бојното поле ќе биде од огромна важност во арената на бизнис менаџментот.

Бидете независни

Една од клучните разлики помеѓу луѓето кои остануваат само обични работници и работниците кои успеваат да станат лидери е нивниот став кон независноста во работата. Обичните работници се чувствуваат удобно во својата комфорна зона и ги извршуваат задачите кои им се дадени, додека пак вториот вид работници се одлучни, храбри и не се плашат да ризикуваат во бизнис средината.

Доколку имате намера да се искачите високо на хиерархиската скала, покажете им на вашите надредени дека вие сте соло-играч кога станува збор за ризични проекти. Кога се изложувате на такви задачи, вие учите како повеќе да преземате иницијатива, колку поголема одговорност имате, толку подобра репутација ќе стекнете кај вашите надредени.

Штом тргнете по патот на лидерството и менаџментот, колку повеќе проекти имате кои бараат напорна работа и труд, толку повеќе ќе ги развиете своите вештини за справување со стрес и работа под притисок.

Променете го ставот кон парите

Кога сте вработени во една компанија, вие си ја земате вашата плата и не водите премногу грижа за другите финансиски работи. Меѓутоа, да бидете лидер на еден оддел или на целата компанија бара промени во вашиот став кон парите.

Пред да седнете на менаџерското столче, најпрво треба да стекнете знаење за секој вид на плаќање во компанијата и да имате познавање од сите детални економски и бизнис постапки. Освен тоа, вашата финансиска состојба мора да биде во согласност со вашиот статус и позиција во компанијата. На овој начин ќе можете да ги носите правилните финансиски одлуки и ќе можете да поставите пример за вашите вработени.

Трансформацијата од вработен до лидер е долготраен процес, но доколку внимателно го набљудувате вашето бизнис окружување, ќе сфатите дека не е ништо невозможно и дека можете да се одвоите од толпата. Овие трикови ќе ви помогнат да си го најдете својот пат до врвот и да изградите статус и репутација на завидно ниво.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.