ОДБЕРЕТЕ ГО ПРАВИЛНИОТ КРЕМ ЗА ЛИЦЕ, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
ОДБЕРЕТЕ ГО ПРАВИЛНИОТ КРЕМ ЗА ЛИЦЕ
facebook instagram
ОДБЕРЕТЕ ГО ПРАВИЛНИОТ КРЕМ ЗА ЛИЦЕ

Каде грешиме? Дали е тоа во проценката на кој тип кожа припаѓа нашето лице или можеби сме избрале крем кој нема доволно квалитети за да ги задоволи нашите потреби? За да направиме добар избор треба да обрнеме внимание на следново:
Како да го одредиме типот на кожа на лицето, за да избереме адекватен крем?

СУВА КОЖА: 

Овој тип кожа е сува и затегната. Знаците на стареење почнуваат да се забележуваат многу порано отколку кај другите типови кожа (пред 30-тата). Може лесно да се иритира и има потреба за нега (крем) секојдневно, во текот на целата година. Сувата кожа поднесува кремови кои се мрсни, но кои истовремено имаат и хидратантно дејство. За оваа кожа, секојдневната и адекватна нега е од големо значење.

НОРМАЛНА КОЖА: 

Оваа кожа не е сува и затегната и знаците на стареење доколку е соодветно негувана, се појавуваат по 30-тата година. Има потреба за нега (крем) секојдневно, во текот на целата година, но не поднесува кремови кои се мрсни, ниту премногу хидратантни. Нејзе ѝ е потребен крем кој ќе ѝ овозможи хидратација, но истовремено и лесно замастување. Кај овој тип кожа ретко се појавуваат комедони (црнки/белки).

КОМБИНИРАНА КОЖА (СО Т-ЗОНА):

Оваа кожа дефинитивно е најкомплицирана за нега – толерира повремени грешки во изборот, но не за долго. Ако кремот е хидратантен, по неколку дена на кожата ќе се појави чувство на затегнатост, сувост, а може да се појават и ситни лушпи. Ако ја негуваме со мрсен крем, по неколку дена ќе почне да сјае заради вишокот маснотии на површината, а по извесно време ќе се појават комедони (белки/црнки). Жените со Т - зона имаат чувство дека некои делови од лицето се претерано суви, а некои многу мрсни и не можат да ѝ угодат со ниту еден крем, освен ако користат различни кремови за различните делови. Оваа кожа не се иритира многу лесно, а во текот на студениот период од годината секојдневно има потреба од крем. Во текот на летото, не дава знаци дека нешто ѝ недостасува, дури и ако пропуштиме некој ден да нанесеме крем. 
Мрсна кожа: Мрсната кожата е еластична и мека и нема потреба од нанесување крем, а прифаќа само хидратантни креми. Во адолесцентниот период, често страда од акни, но знаците на стареење се појавуваат најдоцна во однос на другите типови. Тоа не значи дека не треба да се негува, туку поради тоа што самата лачи доволно маснотии, има потреба само од хидратација.

СООДВЕТЕН КРЕМ ЗА СООДВЕТНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ:

Кремот кој ѝ одговара на кожата во летниот период, не може да ѝ одговара на кожата и во текот на зимскиот период. Треба да се има предвид дека кремот за летниот период треба да е полесен и похидратантен, за да не го чувствуваме како тежина на лицето а кожата да може да го апсорбира. Во зима, кожата, заради студеното и ветровито време, бара дополнителна заштита, за поддршка на површинскиот слој. Одовде веројатно доаѓа и погрешното сфаќање дека кремовите треба постојано да се менуваат.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.