Природни начини за зголемување на енергијата, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Природни начини за зголемување на енергијата
facebook instagram
Природни начини за зголемување на енергијата

Оставете ги шолјите со кафе и прочитајте внимателно. Постојат повеќе природни начини за да ја зголемите енергијата и продуктивноста.

Мали, но моќни!

Истражувањата покажуваат дека кога се чувствувате како да немате енергија дури ни да направите кафе, сувото грозје е тука да помогне на случајот. Сувото грозје има бројни здравствени придобивки: го подобрува имунитетот, ја подобрува дигестијата, го подобрува сексуалното здравје, здравјето на коските и забите и најважно од сè, снабдува со енергија.

Ароматерапија

Ароматерапијата е одлично решение за сè. Кога сте тажни, кога сакате да се релаксирате или кога сакате да ја зголемите продуктивноста и енергијата. Етеричните масла и свеќите со мирис на портокал, лимон или цитрон ќе ви ја зголемат енергијата по природен пат и ќе ви дадат чувство на надеж и свежина.

Протеини

„Белите протеини заменете ги со кафеави“. Ова е советот што го препорачуваат готвачите и нутриционистите. Кафеавите протеини содржат поголем број растителни влакна, тие се варат побавно во организмот и го спречуваат опаѓањето на нивото на вашата енергија.

Бои

Според науката, боите имаат огромно влијание на расположението. На пример: жолтата боја е извор на оптимизам, добро расположение, среќа и креативност, а во комбинација со ароматерапијата е одлично оружје против намаленото ниво на енергија и продуктивност.

Музика

Музиката ги лечи сите рани, но музиката е и одлично средство кое ќе ве расположи и раздвижи. Ако не можете да слушате музика на работа, слушајте музика додека да стигнете до работното место. Ставете ги слушалките и уживајте во вашите омилени песни.

Хидратација

Хидратацијата е екстремно важна, не само за зголемување на енергијата, туку и за вашето целосно здравје, а само 5% недостаток на вода во вашиот организам може да предизвикаат намалување на енергијата. Затоа, секојпат кога ќе помислите дека ви е потребно кафе за да се расоните и работите, најпрво напијте се чаша вода.

Масажа

Доколку забележувате дека вашата енергија опаѓа и дека ви е потребен дополнителен стимул за работа, слободно направете си масажа на главата. Со оваа масажа ќе ја подобрите циркулацијата и ќе ја зголемите енергијата.

Повикај пријател

Истражувањето спроведено од страна на одделот за психологија на Универзитетот во Висконсин, САД покажува дека гласот на некоја блиска личност може да поттикне лачење на окситоцин – хормонот кој се бори против стресот. Затоа, за време на паузата додека го пиете кафето јавете ѝ се на вашата мајка, пријателка или партнер за дополнителна поддршка и поттик.

Зачинете го вашиот живот

Во древната ајурведска медицина, куркумата се користи за зголемување на нивото на енергија кај луѓето кои страдаат од летаргија или депресија. Мирисот и вкусот на куркума, кога се користи во храна и чаеви, може позитивно да влијае врз вашите сетила и да го разбуди телото.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.