Продуктивен лидер: како границите ја штитат продуктивноста, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Продуктивен лидер: како границите ја штитат продуктивноста
facebook instagram
Продуктивен лидер: како границите ја штитат продуктивноста

Меѓутоа, не е лесно да се каже „НЕ“ понекогаш. Во некои ситуации не ни сфаќате дека вашите граници се премногу строги или премногу слаби, или пак можеби никогаш не сте ни помислиле дека можете да имате граници. Но, поставувањето на јасни граници може многу да ви помогне на работното место да изградите авторитет, самодоверба и почит од страна на другите.

Доколку некој ви побара услуга или ве замоли да завршите некоја задача за нив, во вашата глава велите „НЕ“, но на крај го правите тоа, тогаш тоа значи дека е време да поставите граници. Ако постојано кажувате „ДА“ на секоја молба, вие им давате дозвола на другите дека можат да ве искористуваат. Дури и ако сте среќни што можете да помогнете, треба да се запрашате дали и тие би го направиле истото за вас.

Поставувањето граници е како поставувањето ограда на куќата. Понекогаш портата и гаражата се затворени и никој не може да влезе, но понекогаш, нема ограда и иако тоа овозможува да влезе чист воздух, со него можат да влезат и другите луѓе, кои ќе ги искористат отворените врати и ќе ве искористат вас.

„Добрата ограда прави добри соседи“. Ова е изрека која многу добро функционира и на работното место. Време е да ја преземете контролата врз вашиот живот во свои раце.
Првото нешто што треба да го направите со цел да поставите добра ограда е да ги одредите вашите принципи и вредности, а потоа јасно да ги кажете своите ставови. Не претпоставувајте дека луѓето ќе сфатат кое е вашето гледиште од вашето однесување, доколку тоа не е во согласност со вашиот став. Морате да сфатите што е важно за вас и вашата продуктивност и да донесете одлука кога и како ќе се поставите во односите со другите.

Ако некој влезе во вашиот дом без дозвола, без сомнеж ќе изреагирате во моментот и ќе го решите проблемот „на лице место“. Единствената разлика кога некој ќе стапне на вашата граница е начинот на кој го адресирате овој проблем, а смиреноста и желбата за разбирање се секогаш правилен избор. Најпрво треба да ја разберете и сфатите личноста, ако сакате и вас таа личност да ве сфати и разбере зошто вие не можете тоа да го направите.

Доколку се најдете во ситуација кога вашиот шеф ќе побара нешто од вас, најпрво осигурајте се дека разбирате што точно се бара од вас, за да донесете одлука за следниот чекор. На пример, можете да ја употребите следната реченица: „За да бидам сигурна дека разбирам што е тоа што се бара од мене, можете ли да ми кажете нешто повеќе за задачата и зошто ви е потребна токму сега?“

Барајте конкретни објаснувања, а потоа одлучете дали ќе помогнете во ситуацијата или јасно ќе им дадете до знаење на другите кои се вашите граници. Доколку вие не можете да помогнете, во ваш интерес, исто така, може да биде доколку понудите алтернативно решение.

За жал, не сите со кои ќе работите или ќе се сретнете во вашиот живот ги познаваат вашите граници и кога-тогаш тие ќе бидат нарушени. Затоа, не бидете наивни и бидете подготовени секогаш да го искажете своето мислење и став, но секогаш реагирајте од гледна точка на разбирање.

Како и за оградата на куќата, така и за вашите граници потребно е време и пракса. Ако не сакате да кажете нешто за кое подоцна ќе зажалите, една од стратегиите која можете да ја употребите е да вдишете броејќи до три и да издишете бројеќи до 6. Повторете го тоа три пати, а потоа запрашајте се дали ја разбирате ситуацијата, зошто вие сте личноста за оваа работа и зошто сега, а потоа помогнете, делегирајте или објаснете кое е вашето гледиште.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.