Разбудете ја вашата моќ во бизнисот, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Разбудете ја вашата моќ во бизнисот
facebook instagram
Разбудете ја вашата моќ во бизнисот

Уште една распространета идеја е дека ако работите доволно напорно и многу часови, ќе бидете успешни. Но овој метод не само што води до долги часови, на крајот заборавате на вистинските вредности во животот. Се разбира, за вашиот бизнис е потребна напорна работа, но треба да посветите внимание на тоа што навистина функционира за вас и што прави да се чувствувате добро и да пронајдете начин со кој ќе го разбудите внатрешниот бизнис-гениј во вас и ќе оставите белег во работата карактеристичен за вас и за вашиот живот.

Овие три совети ќе ги ви помогнат да ги развиете овие бизнис идеи.

Создадете простор

Доколку сметате дека за еден бизнис да биде успешен потребна е само работа, работа и повеќе работа, можеби треба уште еднаш да размислите во врска со ова прашање, бидејќи постојаното преземање активности и поминувајќи многу часови во работа, може да биде само дополнителен стрес за телото и да биде контрапродуктивно намалувајќи ги шансите за успех.

Создавањето на простор значи вклучување на активности во текот на работниот ден коишто ќе ве мотивираат и инспирираат. Тоа можат да бидат најразлични и едноставни работи кои можете да ги направите во текот на денот, како на пр: кратка прошетка или фокусирање на дишењето кои ќе ви помогнат да се смирите и да се концентрирате и да им дозволите на новите идеи да дојдат сами по себе. Не знаете кога и на кој начин ќе дојде инспирацијата.

Да се биде успешен значи да се реагира на новонастанатите ситуации на креативен и генијален начин. Подгответе се за флексибилност и нови пристапи во работата кои ќе ве насочат во правецот во кој вие сакате да се движите.

Бидете свои

Многу луѓе сметаат дека за да бидат успешни треба да се изградат во една бизнис личност со сите можни бизнис карактеристики кои „по правило“ се потребни за успех и при овој процес стануваат друга личност во која ни самите не се препознаваат. Од една страна, тоа е одличен начин за градење на еден бизнис профил и инвестирање во своето знаење, но од друга страна овој процес често може да заврши со разочарување и фрустрираност.

Уште од рана возраст ве  учат да се однесувате „соодветно“ и често сте принудени да бидете тоа што ви кажува семејството, наставниците и општеството. Што ако тоа што се сметало за погрешно кога сте биле млади е всушност вашата јака страна која ќе ви овозможи да создадете поголем успех во вашиот бизнис и повеќе среќа во вашиот живот? Како можете да ги вклучите овие аспекти на начин кој би можел да придонесе за вас и вашиот бизнис? Дали тоа ќе создаде повеќе простор, повеќе радост, поголема леснотија во вашиот живот? Што ако можете да биде генијот кој навистина сте?

Бидете оригинални и свои, пронајдете ново хоби кое ќе ве усреќи, вежбајте на различен начин или изберете поинаков одмор кој ќе ве инспирира и позитивно ќе се одрази на вашиот бизнис.

Дали работите под стрес?

Дали верувате дека мора да работите напорно за да го креирате успехот кој го посакувате? Дали постојано работите под стрес и притисок или пак опуштени сте и верувате во својот успех? Ситуацијата во која се наоѓате и мислите кои ви поминуваат низ глава додека работите влијаат на резултатот од вашиот труд и работа. Доколку сте исполнети и среќни на работа, шансите за успех на вашиот бизнис се многу поголеми. Кога работите на смирен начин, ќе бидете многу поотворени да го добиете тоа што го сакате. Кога сте среќни и смирени, вие веќе знаете кој е вашиот нареден логичен чекор кој треба да го направите, кој да го исконтактирате, на кој аспект од вашиот бизнис треба да се фокусирате во текот на денот итн. Кога ќе бидете љубезни со себе, ќе бидете љубезни и со другите и ќе ја разбудите својата моќ за да го создадете успехот што го посакувате и заслужувате.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.