СОВЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВАШАТА ПЛОДНОСТ, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
СОВЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВАШАТА ПЛОДНОСТ
facebook instagram
СОВЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВАШАТА ПЛОДНОСТ
Водете љубов што почесто
Наместо да се оптеретувате со постојано мерење на базалната температура или со тестовите за овулација, подобро ќе биде да се препуштите на природниот тек на настаните и да водите љубов колку што можете почесто. Водењето љубов само за време на овулацијата може да ги наруши односите со партнерот. Затоа, водете љубов два до три пати неделно и ќе го покриете поголемиот дел од плодните денови.

Внимавајте на килограмите
Подолго време се знае дека машката дебелина е поврзана со пониско ниво на тестостерон и со поголем ризик од слаба ерекција. Овие мажи можат да имаат и разни спермални аномалии или намалена количина сперма во однос на мажите кои имаат просечна тежина. Кај жените со поголема телесна маса, се случува месечниот циклус да е нередовен, а не се исклучени ни спонтаните абортуси.

Не држете диети
Намалениот индекс на масти под кожата може да биде ризичен, особено кога се работи за редовноста на месечниот циклус. Кај жени со пренизок индекс на телесна маса, ризикот од спонтан абортус во првото тримесечје е многу голем. Кај преслаби мажи доаѓа до опаѓање на квалитетот на спермата.

Ограничете ги спортските активности
Претераната спортска активност ја нарушува хормоналната рамнотежа и доведува до послаба плодност. Затоа, ако сте страстна спортистка, а подолго време се обидувате да останете бремени, обидете се барем некое време да ги намалите спортските активности и да ги замените со некои поумерени вежби.

Контролирајте го стресот
Колку и да ви се чини како шаблон, стресот навистина делува на плодноста. Тој ве тера да консумирате производи кои ќе ве „утешат“, а всушност со тоа ви се блокира плодноста. Затоа, во таков период, опуштете се и правете ги оние активности кои ве прават среќни, кои ве опуштаат и со кои се чувствувате позадоволно.

Оставете ги цигарите

Обично кога ќе забременат, жените ги оставаат цигарите, а идниот татко, заради пристојност пуши надвор. Истото треба да го направите и вие ако се обидувате да забремените. Студиите покажуваат катастрофални мерења кога е во прашање поврзаноста на плодноста и цигарите. Кај жените пушачи се создаават помали јајце-клетки, а постои и поголем ризик од спонтан абортус.

Воздржете се од алкохол
Алкохолот може да предизвика нередовен месечен циклус и циклус без овулација. Така се зголемува ризикот од спонтан абортус и конгенитални аномалии кај плодот. И за овој проблем нека важи истото правило како и при возењето: Додека возам - не пијам!
Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.