Стратегии за жените да успеат во нетрадиционалните кариери, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Стратегии за жените да успеат во нетрадиционалните кариери
facebook instagram
Стратегии за жените да успеат во нетрадиционалните кариери

Зошто би се решиле за нетрадиционална кариера? Високите плати и одличните придобивки се две добри причини за да одлучите да работите во индустријата каде што доминираат мажите, а незаменливото чувство на самоостварување е само шлаг на тортата.

Мажите и жените често имаат предодредени сфаќања за „машка“ и „женска“ работа. Меѓутоа, што треба да се промени за фокусот да се стави на привлекување на повеќе жени во „машките“ кариери и повеќе мажи во „женските“ кариери. Без разлика што и да мислите, едно имајте на ум: не постои машка или женска работа. Ако вештините кои се потребни за работа немаат определен род, тогаш зошто работата би имала?

Предизвиците со кои можат да се соочат жените кои сакаат да започнат кариера во индустрија во која доминираат мажите се разликуваат од еден до друг сектор, но добро би било да знаете дека работата во секторот на инженерството, компјутерските науки, правото и медицината е доста поволна за жените.

Доколку сте во освојувачки поход на „машката“ територија, прочитајте ги овие стратегии кои ќе ви послужат како одлично оружје.

Размислувајте „надвор од кутијата“

Кога станува збор за кариерата која вас ви одговара и во која сметате дека можете да придонесете и да направите разлика, тогаш треба да размислувате „надвор од добро познатата кутија“. На пример, влегувањето во градежништвото и инженерството е сектор каде што недостигаат жени. Но, ако треба да аплицирате за вакво работно место, само помислете на потенцијалот со кој би се соочиле. Затоа, немојте да се откажувате или да мислите дека немате што да понудите на овој пазар на трудот. Вие само треба да бидете креативни и да пронаоѓате решенија кои можат да направат вистинска промена во индустријата.

Соодветно образование

Образованието игра важна улога во вашата понатамошна кариера, затоа е уште поважно да го изберете соодветното образование и соодветното место од каде што ќе стекнете доживотно знаење. Доколку се решите за голем универзитет каде што се работи во големи групи, потешко ќе можете да се истакнете и да го покажете својот потенцијал, за разлика од стручните курсеви и работата во помали групи каде што можете да поставувате повеќе прашања и навистина да растете и да се развивате во полето кое сте го одбрале.

Пронајдете ментор

Да пронајдете барем една личност која поминала низ истиот процес низ кој вие поминувате сега е полн погодок и одлична можност да ги поставите вистинските прашања и да научите. Без разлика за која кариера ќе се определите, да имате личност покрај вас која ќе ве води и подучува е одличен начин на стекнување на знаење и вештини.

Вмрежување

Ако можете да пронајдете начин за вмрежување со истомисленици и интелктуалци од истото поле во кое сакате да просперирате е одлично решение доколку сакате да растете и да се развивате во вашата понатамошна кариера. Запознајте се со луѓето од вашата сфера, не се плашете да започнете разговор и потоа процесот ќе тече многу полесно.

Пронајдете организации и здруженија

Доколку сте во потрага по дополнителна поддршка, неа можете да ја пронајдете во професионалните организации и здруженија. Тие можат да ви понудат многу совети и да ви покажат каде би можеле да го добиете соодветно стручно усовршување. Организациите и здруженијата се местата и каде што можете да го пронајдете својот иден ментор, доколку не познавате некој кој ќе ви помогне при промена на кариерата.

Како што можете да забележите, постојат одредени работи кои можат да ви помогнат во вашата кариера од соништата. Работете на своите вештини, пронајдете ментор, едуцирајте се и наоружајте се со самодоверба. Вие имате голем потенцијал и искуство кои можете да ги понудите ако знаете како да ги искористите и во која кариера можете да процветате.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.