Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ден.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
facebook instagram
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини

Врв Солунска Глава

Солунска Глава (2540 м) е највисокиот врв на планината Јакупица, еден од 5те најубави врвови. Тој е остар (со конусен изглед), карпест и карстифициран. Од врвот може да се гледа поголемиот дел од територијата на Република Македонија, а за многу ведро време, според кажувањата се гледа дури до Солунскиот Залив. Поради својата положба и доминантност, Солунска Глава има стратешко значење за нашата држава. На самиот врв и во неговото подножје има неколку огромни пропасти – најдлабоки во Македонија. На југоисточната страна, се јавува амфитеатрален отсек длабок скоро 1000 м, во чие подножје е изворот на реката Бабуна.

 

Врв Голем Крчин

Голем Крчин (2341 м) е највисок врв на планината Крчин. Се наоѓа во северниот дел на планината, над селото Ростуше, на границата со Република Албанија. Врвот е стрмен, оголен и карпест, бидејќи е подложен на силно температурно и мразно разорување. Под врвот е извориштето на Ростушка Река на која има повеќе импресивни водопади.

 

Црн Врв

 
Црн Врв (2257 м) е највисок врв на планината Јабланица. Се наоѓа во средишниот дел на планината, над селото Вевчани. Врвот е остар, многу интересен и со широк панорамски видик, особено кон Охридското Езеро. Во подножјето на врвот е убавото Вевчанско глацијално Езеро. Поради мразното разорување, по страните на врвот се јавува распаднат карпест материјал-камени реки и сипари.

 

Врв Магаро

 
Магаро (2254 м) е трет по височина врв на планината Галичица (највисок е Плаја е Пусит, 2288 m) и втор на територијата на Република Македонија, по врвот Кота (2265 m). Врвот е доста убав, релативно стрмен, посебно кон западната страна и изграден од тријаски варовници. Од него има прекрасен видик кон Охридското Езеро на запад и Преспанското Езеро на исток. Околу врвот има интересни форми на карстна ерозија, периглацијални појави и фосилни глацијални форми: 2 цирка, валов и морени. Пејсажните убавини и спектакуларната панорама го прават овој врв еден од 5те најубави врвови во Македонија.

 

Врв Меденица

 
Меденица (2163 м) е највисокиот врв на планината Бистра, последен од оваа листа на 5те најубави врвови. Се наоѓа во нејзиниот западен дел, над селото Галичник. Изграден е од тријаски варовници, како и целиот највисок дел од планината. Врвот е остар, а од неговата источна страна се протегаат неколку мали цирка и карстни полиња. До врвот најлесно се доаѓа преку преминот Церовец.

Статијата во целост е преземeна од macedonia-timeless.com

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Најдобри песни за 2020
КАТЕГОРИЈА
Најдобри песни за 2020
Време е да ја збогатите вашата музичка листа со неколку новитети.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.