Внесете креативност во вашиот мал бизнис, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Внесете креативност во вашиот мал бизнис
facebook instagram
Внесете креативност во вашиот мал бизнис

Направете едноставни промени во вашата работна средина

Промената е добредојдена исто како и одморот, а преуредувањето на вашиот работен простор може брзо да ви ја врати вашата креативна сила. Направете ја вашата канцеларија креативно катче што ќе стимулира креативни мисли само со додавање на некои лични предмети.
Исчистете го вашето биро од сите непотребни документи и предмети за да можете да се фокусирате на новите идеи. Додадете некои ваши лични фотографии, фотографии од патувања или семејни фотографии кои ќе ве мотивираат, а додека поминувате низ креативен процес и смислувате нова идеја, добро би било да внесете и малку зеленило кое ќе ви даде јасност на вашите мисли. Променете ја перспективата со промената на позицијата на работното биро и поставете го на место во канцеларијата каде што ќе добие доволно природна светлина и ќе ве разведри.

Физичка активност

Недостатокот на идеи можеби е начин на кој вашиот мозок ви кажува дека е време да се раздвижите. Тоа не мора да значи дека треба секое утро да се будите пред сите и да тренирате за маратон, прошетајте малку, раздвижете го телото, постојат милион начин да ја подобрите циркулацијата во крвта. Музиката е еден од подобрите и позабавните начини. Пуштете ја вашата омилена музика и танцувајте, опуштете се од секојдневниот стрес. Фрустрациите кои се појавуваат при недостатокот на креативност можете да ги излечите со јога и медитација, кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да го опуштите вашето тело, а воедно ќе ја подобрите и концентрацијата.

Променете ја перспективата

Еден од проблемите со кои се соочува секој кој работи на некој напорен проект е тоа што вашиот креативен извор може лесно да пресуши, па за повторно да почне да тече креативната мисла треба да ги освежите вашите мисли и да ја промените перспективата. Секојдневното читање и собирање нови информации е многу корисна навика. Прочитајте некоја нова книга, претплатете се на некој нов магазин и слушајте инспиративни говори. Одлично место каде што можете да најдете и да слушате говори од познати личности е TED Talk, кое е непресушен извор на информации.

Преминете на следната задача

Ако се чувствувате фрустрирано и блокирано со една задача, тогаш преминете на следната. Мозокот е неверојатен инструмент којшто потсвесно работи во позадина, затоа фокусирајте се на нешто друго и вашиот мозок ќе го пронајде совршеното решение за проблемот. Во тоа ќе се уверите кога повторно ќе се вратите на претходната задача и ќе се изненадите како лесно течат вашите креативни мисли. Всушност, некои од најкреативните мисли настануваат кога воопшто не се обидувате да размислувате.

Бура од идеи

Една од добро-проверените формули за блокираниот мозок е сите идеи да се стават на голема бела табла за интелектуална сесија. Запишете ги сите ваши мисли и идеи една до друга кои ќе ви помогнат да ги поврзете точките и да дојдете до посакуваното решение.

Вмрежување

Постојат голем број луѓе, истомисленици како вас, кои се соочуваат со истите предизвици и проблеми. Најпаметното решение би било да се вклучите во мрежа од интелектуалци и претприемачи со кои ќе се консултирате за стратегијата, технологијата и ќе размените различни мислења и ставови, а истовремено ќе развиете мрежа од нови пријатели и познаници кои во иднина ќе ве поддржат и ќе ги прослават успесите со вас.

Не бидете перфекционисти

Избегнувајте го перфекционизмот и престанете да трагате по совршената идеја. Понекогаш си поставувате премногу високи цели кои доживуваат неуспех и го уништуваат вашиот креативен потенцијал. Опсесивната потрага по совршената идеја може да биде штетна по вашето здравје, предизвикувајќи ви дополнителен стрес.

Пробајте некоја од овие техники и видете која од нив најдобро функционира за вас. Но, најважно е да си дадете малку одмор и пауза од работа без да се чувствувате виновно, одморот и паузата се од клучно значење за вашето ментално здравје.

Добрите идеи се појавуваат кога најмалку очекувате.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.