ЗАБАВЕТЕ ГО СТАРЕЕЊЕТО НА ВАШАТА КОЖА!, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
ЗАБАВЕТЕ ГО СТАРЕЕЊЕТО НА ВАШАТА КОЖА!
facebook instagram
ЗАБАВЕТЕ ГО СТАРЕЕЊЕТО НА ВАШАТА КОЖА!
Стареењето е нормален биолошки процес кој неминовно доаѓа. Стареењето е предизвикано од внатрешни и надворешни фактори. Генетиката има важна улога во процесот на стареење, пред сѐ фамилијарната генеза. Потоа хормоналниот статус кој се менува со годините. Надворешните фактори се тие кои дополнително можат да го забрзаат процесот на стареење (брз начин на живот, загаден воздух, прекуменро изложување на сонце, стресни состојби, нездрава исхрана, пушење, конзумирање алкохол).

Како кожата старее така стануваат видливи и првите знаци на стареење. Со оглед на тоа што кожата е составена од три основни слоеви промените во текот на стареењето се присутни во сите нејзини слоеви. Со стареењето првиот слој (епидермисот – најповршинскиот дел на кожата) станува потенок и се намалува производството на нови кожни клетки. Се намалува и бројот на меланоцитите (пигментните клетки) но се згоемува нивната големина. Поради ова се јавува присутност на пигментни дамки. Колагенот која ја дава цврстината на кожата се намалува со што се менува структурата на сврзното ткиво и доаѓа до намалена еластичност на кожата. Таа станува опуштена, тенка, со видливи црвенила кои се јавуваат како резултат на тенките и кршливи крвни садови. Лојните жлезди (себацеалните жлезди) продуцираат помалку кој (себум), а кожата станува сува, дехидрирана (ја губи влажноста) и се губи заштитниот липиден слој. Таа станува чувствителна на допир, притисок и болка.
Доколку од најрана возраст сме едуцирани за важноста на негата на нашата кожа и како да ја чуваме сетоа тоа ќе се пренесува и во подоцнежните години.

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА СЕ ЗАБАВИ ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ:

• При изложување на сончева светлина задолжително треба да се користат кремови со висок заштитен фактор.
• Задолжително носење на заштитни очила, како и облека која може да не заштите од сончевата светлина.
• Конзумирање на 2 литри течност, особено вода; исхрана богата со овошје и зеленчук.
• Користење на медицински дерматолошки препарати препорачани од дерматолози во облик на кремови и лосиони кои ќе ја хидрираат кожата и ќе и ја подобрат влажноста.
• Неинвазивни естетски третмани (пилинзи, ласери, радиофлекфентни методи, филери, мезотерапија, ботокс).
• Откажување од цигари.
• Спиење не помалку од 6 часа.
• Практикување на редовна физичка активност.

НЕКОЛКУ КОРИСНИ СОВЕТИ

Често поставувани прашања се кои состојки треба да се присутни во претаратите за нега на кожата кои ќе го забават процесот на стареење. Што и е потребно на нашата кожа и од кога треба да почнеме со нега.

После 25 години во вашиот организам се намалува нивото на продукција на колаген и еластин, кожата почнува да ја губи способноста на врзување на молекули на вода, на лицето се појавуваат првите знаци на стареење. Во тој период треба веќе да се отпочне со производите против стареење како би се спречила појавата на најситните брчки. Најдобро е да се изберат кремови кои содржат антиоксиданси како што се витамин А, Ц, Е ензими кои ќе овозможат подобра влажност т.е. хидратација на кожата.

После 30тата година кожата создава помалку масти, станува посува со лесно видливи брчки на челото и помеѓу веѓите. Под очите се појавуваат и првите подочници. Задолжително се препорачува крем под очите кој ќе овозможи подобра хидратација и ќе ја подобри циркулацијата. Во тој период исто така од особена важност е употребата на антиоксидантни кремови.

После 40тата година од животот намалена е регенеративната моќ на кожата и се создава се помалку колаген и еластин, таа станува потенка и помалку еластична. Малите ситни брчки стануваат повидливи. Во тој период се препорачуваат кремови кои содржат коктели од мултивитамини А, Ц, Е стимулации на протеини Q-ензими и ретинол.

После 50тата година од животот кожата ја губи еластичноста, брчките стануваат повидливи, доминантни, поради хормоналниот дисбаланс се јавуваат пореметувања во пигментациите со појава на пигментни дамки. Во тој период кремовите во својот состав треба да се збогатени со овошни киселини, ретинол, растителни хормони, фактор на раст (grow factor), пептиди и колаген.
Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот
КАТЕГОРИЈА
Едноставни, но брилијантни начини како да го организирате гардероберот

Како деца ползејќи тивко поминуваме покрај гардероберот, бидејќи се плашевме дека страшни демони живеат таму, но кога пораснавме сфативме дека единствените демони сме ние :). 

Средувањето не на секого силна страна, но нашиот гардеробер е нашето свето место, па затоа треба да го доведеме до состојба која одговара на нашите потреби. Ако едноставниот акт на облекување секое утро, завршува со неред и куп алишта во аголот на вашата соба, тогаш треба да поработите на цел нов систем на оргарнизација. 

Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?
КАТЕГОРИЈА
Дали може да имаме „песна на летото“ кога немаме вистинско лето?

Секое лето си има свој музички хит, како „California Gurls“ на Кејти Пери во 2010 или "Old Town Road" од Lil Nas X во 2019. Но како можеме ова лето да кажеме кој е хитот? 

Хитот на летото не значи најдобрата песна, тоа најслушана, во секое кафуле, во секоја дискотека, на сите домашни собири... Химната на летото е песна која се слуша насекаде од големи групи луѓе. 

За жал, оваа година дискотеките не работат, постојат ограничувања за собири и угостителите не можат да ги преполнуваат своите објекти. Па затоа ова лето е тешко да се открие хитот. 

8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти
КАТЕГОРИЈА
8 славни личности кои ги споделија винтиџ летни слатки, но и жешки моменти

Во социјално дистанцирано лето ни остануваат барем нашите сеќавања. Шерон Стоун, Оман, Памела Андерсон и уште неколку славни личности не изненадија со винтиџ фотографии од нивите дамнешни летувања.

Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
КАТЕГОРИЈА
Уживајте во 5те најубави врвови на македонските планини
Голем број на луѓе ја сметаат Македонија за „Швајцарија на Балканот“. Поради националните паркови, големите недопрени и диви планински масиви, извонредната природна убавина како и спектакуларните карактеристики на земјата. Величенствени снежни врвови, водопади, мали скриени планински цркви, традиционални селски куќички украсени со свежо цвеќе. Со пешачење или прошетки ќе добиете совршен баланс на активност во природен амбиент, и ќе откриете дел на нашата историја, култура и гастрономија. Уживајте во 5те најубави врвови во Македонија.
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
КАТЕГОРИЈА
Викторија и Дејвид Бекам во несогласување со своите соседи
Познатиот пар си направи одлични планови за својот двор.
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
КАТЕГОРИЈА
Интересни идеи за подароци за вашиот татко
Добредојдовте во клубот на татковството.
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
КАТЕГОРИЈА
Алиша Кис создава уметност, а на светот тоа му е потребно
Кралицата на добрите вибрации подготвува албум кој ќе пристигне за брзо време.
Вистината за корсетите за обликување на половината
КАТЕГОРИЈА
Вистината за корсетите за обликување на половината
Експертите се со изедначен став во однос на ова прашање, а време и вие да ја дознаете вистината.
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.