Зголемете ја креативноста и бидете повеќе продуктивни, Bella - Skopje, Macedonia
Кошничка
Затвори
Вкупно производи:
0
Меѓу збир:
0.00 ДЕН.
Продолжи кон наплата
Мои омилени
Затвори
Зголемете ја креативноста и бидете повеќе продуктивни
facebook instagram
Зголемете ја креативноста и бидете повеќе продуктивни

Овие пет совети ќе ви помогнат да бидете покреативни и попродуктивни на работното место.

Средете си ги мислите

Универзална формула не постои. Секој е различен и секој на различен начин постигнува внатрешен мир. Една 10-минутна пауза можеби е вистинското решение за вас со кое ќе ги средите мислите во главата и ќе добиете нова идеја и перспектива. Доколку не можете да побегнете од канцеларијата, медитацијата исто така може да ви послужи, бидејќи не мора да одите никаде. За медитацијата потребно е вежбање, но доколку медитацијата за вас значи пауза од електронската пошта, сепак ќе имате добри придобивки доколку ја практикувате. Колку повеќе ви се средени мислите, толку полесно ќе дојдете во допир со вашата креативна страна и доброто расположение, а со тоа ќе ја зголемите способноста за донесување одлуки.

Фокусирајте се на вашата среќа

Среќните луѓе се најдобрите работници. Кога имате позитивен став кон обврските, вие сте попосветени на својата работа благодарение на вашиот позитивен пристап. Секако, едноставен одговор на прашањето за среќа не постои, но треба да биде еден од вашите топ пет приоритети во животот. Но, тоа што можете да го направите во корист на вашата продуктивност и успех на работното место е да најдете време за вашето омилено хоби. Пронајдете забава во извршувањето на своите задачи и не го сфаќајте животот премногу сериозно.

Бидете мрзливи

Работењето без пауза е опасно по вашето здравје, но исто така влијае врз начинот на кој размислувате. Како што поминува времето на работа, вашиот ентузијазам и страст опаѓа, збунети сте, фрустрирани сте и на крај сфаќате дека не сте сработиле сè. Слободното време е горивото кое ѝ е потребно на продуктивноста. Не е важно што правите во слободното време, најважно е дека ви е потребно за да ја обновите својата енергија и мотивација. Кога сте на одмор, можете вашиот смартфон да го замените со стар телефон, на кој нема да можете да го проверувате сандачето на секои 5 минути, а сепак ќе бидете достапни за потреба на итен случај.

Споделете ги своите идеи

Споделете ги своите идеи и разменете различни мислења со колегите и пријателите, слушнете ги и нив што имаат да кажат. Тоа ќе ви помогне да го проширите своето знаење и ќе ви отвори нови перспективи. И не само тоа, читајте статии, книги, блогови... сè што може да ви послужи како инспирација. Исто така, можете да се вклучите во некоја бизнис група и да пронајдете ментори со чија помиш ќе откриете нешто ново, а истовремено ќе добиете и некој совет. И не заборавајте да не го користите целото ваше време зборувајќи за бизнис и за работа, опуштете го мозокот и дозволете му сам да си го најде патот до креативноста и продуктивноста.

Уредете ја канцеларијата

Канцеларијата е вашиот втор дом, сакале или не, голем дел од времето го поминувате токму таму. Па, зошто да не го уредите ова место по ваш вкус? Претворете ја вашата канцеларија во креативно катче, каде што ќе се чувствувате пријатно и полни со енергија. Донесете си некоја фамилијарна слика, вашето омилено цвеќе или кој било предмет што ве инспирира и претставува извор на инспирација.

Неделен Советник
Бидете први што ќе дознаат за новите модели, ексклузивни понуди и најновите модни новитети.
Неделен Деловен Изглед
Слични Содржини
Книги кои ќе ве мотивираат
КАТЕГОРИЈА
Книги кои ќе ве мотивираат
„Чек“ со реалноста: Овој период навистина имаме доста слободно време и можеме да го искористиме за да прочитаме добра книга.
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
КАТЕГОРИЈА
Наоми Кембел во облеката на Елизабет Тејлор
Супермоделот ни кажува која е нејзината омилена удобна облека, како и ни посочува зошто "Making the cut" е вистинското шоу за време на карантин.
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
КАТЕГОРИЈА
Лежерна петочна комбинација: Блуза Корал Феникс со фармерки корал тексас
Одберете комбинација во која ќе сјаете, ќе го искажете вашиот комплетиран моден стил и воедно ќе уживате во беспрекорниот конфор што ги нудат фармерките Корал тексас и блузата Корал Феникс. 
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
КАТЕГОРИЈА
Ријана ги изненади сите со нејзиниот моќен говор на доделувањето на НААЦП наградите
Ријана ја доби наградата за филантропија.
Излезе новата песна на Лејди Гага
КАТЕГОРИЈА
Излезе новата песна на Лејди Гага
Излезе новата песна на Лејди Гага и фановите го изразија своето мислење во врска со тоа.
Совети како да ја зголемите продуктивноста
КАТЕГОРИЈА
Совети како да ја зголемите продуктивноста
Повеќемина го делат ставот дека продуктивноста оди рака под рака заедно со долгиот временски период посветен на работа. Колку повеќе работите - толку повеќе ќе постигнете. 
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
КАТЕГОРИЈА
Како да им ја подобрите самодовербата на децата?
Самодовербата е централна точка во животот на сите луѓе. Самодовербата или самопочитта е начинот на кој се гледаме себе си, вреднувајќи ги нашите квалитети, но имајќи ги предвид и нашите слабости. Високата самодоверба им помага на луѓето да си ги остварат своите високо замислени цели, реализација на различни планови и сл.
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
КАТЕГОРИЈА
Како да му помогнете на анксиозното дете да се смири?
Дали некогаш сте се чувствувале изгубено во случај кога вашето дете е исплашено од помислата на определени нешта? 
Close Quick View
Табела на Величини (cm)
Табела на Величини
36

38

40

42

44
Гради (cm)
88-90

92-94

96-98

101-103

107-109
Струк (cm)
71-73

75-77

79-81

84-86

90-92
Колкови (cm)
94-96

98-100

102-104

107-109

113-115
Succesfully done.
Close Cookie Consent
OВАА ВЕБ СТРАНА КОРИСТИ КОЛАЧИЊА
Оваа веб-странa користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies) со кликнување на "Прочитај повеќе". Со кликнување на "Ги прифаќам сите колачиња" Вие се согласувате за зачувување на колачињата на Вашиот уред.